Почетна » Убавина и мода » Шминка » Мејкап трендови – есен/зима 2011-2012

Мејкап трендови – есен/зима 2011-2012

Мејкап артистите ги покажаа своите замисли и визии за шминката за наредната сезона и освен силно акцентирање на одредени делови од лицето, понудија и поприродни варијанти. Сочни вампирски усни, „зачадени“ очи, богати трепки, природен изглед... Еве ги највпечатливите трендови со кои сигурно ќе посакате да експериментирате:

Бургундец (вамп) усниДебели веѓиЗаводнички „зачадени“ очиУлтра акцентирани трепкиМетални очни капациАјлајнер и над и под очитеНикаде без руменилоПрироден изглед „без шминка“

Бургундец (вамп) усни

Бакнете го розовиот кармин за збогум. Есента нè враќа кон вечно модерните црвени усни.

Дајте им на вашите усни неодолив ефект со длабоки богати нијанси на црвено. Во студените денови наместо дречлив црвен, изберете кармин во боја на бургундец. Матираниот финиш кој потсетува на кадифе е многу помодерен од блескавиот сјаен изглед. Но, нема да погрешите ако ставите малку сјај на средината на долната усна.

Дебели веѓи

Не ја потценувајте моќта на веѓите, бидејќи нивната форма може комплетно да го промени вашето лице. А, ако досега не сте потпаднале под заводливото дејство на убаво оформените дебели веѓи, можеби ќе се решите да го искористите нивното сексапилно влијание оваа сезона.

Дозволете ѝ на природната форма на вашите веѓи да излезе на виделина, а вие само акцентирајте ја нејзината убавина со сенка за очи и мала четкичка или соодветен молив за очи.

Заводнички „зачадени“ очи

Нема есен и зима без „smokey eyes“ изгледот да доминира меѓу трендовите. Сепак, секоја нова сезона си носи и мали примеси кои го прават овој безвременски тренд уште помодерен.

„Зачадената“ шминка оваа сезона наместо со сиви и црни, направете ја со темно сини сенки или со било која друга боја на скапоцени камења – смарагд, аметист, рубин...

Ултра акцентирани трепки

Тргнете во потрага по квалитетна маскара наменета и за издолжување и за волумен на трепките. Откако ќе ја пронајдете, нанесете барем два слоја, бидејќи еден од најжешките мејкап трендови е силно изразени драматични трепки.

Како мини тренд вреди да се спомене трендот „спајдер“ трепки или пајак трепки. Тоа значи дека кога трепките ќе ви се залепат една со друга, не е задолжително да ги разделувате. „Спајдер“ трендот промовира долги дебели трепки. Сепак, овој тренд тешко се „продава“ кај мнозинството и најверојатно ќе биде прифатен само од најхрабрите експериментаторки.

Метални очни капаци

Гламурозно и привлечно. Нашминкајте ги очите со метални нијанси на злато, сребро или бронза за да му дадете блесок и магија на вашиот поглед.

Внатрешната област на очните капаци нашминкајте ја со метална сенка и веднаш ќе забележите дека вашиот поглед станува посјаен, а вашите очи поголеми. Ова е супер тренд за вечерно излегување и посвечени прослави, а препорачливо е да го комбинирате со мат кожа.

Ајлајнер и над и под очите

Оцртувањето на формата на очите со ајлајнер е најумниот метод за збогатување на шминката со сексапил. Додека минатата сезона беше доволно да ги оцртате очите само на горниот капак, сега ќе треба да повлечете линија и на долниот.

Доколку сте навикнати да користите течен ајлајнер, долниот капак од окото можете полесно да го оцртате со молив за очи.

Доста застапен тренд на модните писти беа мачешките очи. Со ајлајнерот на горниот капак продолжете ја линијата малку повеќе за да ги закосите очите, а потоа со сенка продлабочете го изгледот.

Никаде без руменило

Розовото и руменилото со пигменти на праска и кајсија ќе доминираат во наредната сезона. Но, она што професионалните мејкап артисти го нудат е и разновидност во техниките за нанесување на руменило.

Можете да го нанесете руменилото на јаболкниците и елегантно да го продолжите кон слепоочниците. Или пак, за поинтересен изглед, можете да го нанесете на целиот образ, но под јаболкниците.

Природен изглед „без шминка“

Во денешно време изгледот „без шминка“ подразбира употреба на шминка, но умерено и во границите на природниот свеж изглед.

Искористете пудра и коректор за да ги прекриете недостатоците на кожата, маскара за да ги истакнете очите и малку руменило за да делувате свежо. За крај, ставете безбоен балсам на усните и широко насмевнете се. Доколку сте надарени со природно убава кожа, дозволете ѝ слободно да дише без пудра.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.