Почетна » Убавина и мода » Мода » Најдобрите невестински фустани – пролет 2014

Најдобрите невестински фустани – пролет 2014

Елегантни и раскошни венчаници од деликатни ткаенини ги преплавија модните писти во Њујорк. Најдобрите дизајнери на венчаници ги презентираа најновите креации на бели ревии во рамките на Невестинската недела.

Класичните силуети беа доминантни, но не може да се каже дека беа ретки фустаните со модерен „пеплум“ кој додаваше волумен на здолништата инспирирани од принцезите од бајките. Префинетата чипка, како неизоставен дел од невестинската мода, ги разубавуваше венчаниците со својата богата текстура, додека извезените декоративни бисери и мониста ја истакнуваа суптилната екстравагантност на креациите.

Романтичниот и женствен изглед несомнено владее во фантазиите на креаторите, кои не избегаа од идејата за невестинска нежност.

Monique Lhuillier

Колекцијата на Моник Лулие понуди венчаници за невестите кои сакаат да се чувствуваат како кралици кога стапуваат во брак пред 200 души, но и за невестите кои ја преферираат едноставноста додека го кажуваат судбоносното „Да“ пред десетина гости. Кратки фустани со чипка, долги венчаници „сирени“ и балски невестински фустани ги полнеа очите на публиката.

Monique Lhuillier Monique Lhuillier

Marchesa

Само една недела по раѓањето на својот син, дизајнерката Џорџина Чепмен ѝ се придружи на партнерката Керен Крег за да претстават колекција во која се истакнуваше слоевитото редење на тул. Силуетите и кроевите се менуваа, но чувството за елеганција беше зачувано во секоја креација.

Marchesa Marchesa

Vera Wang

Вера Ванг изненади со нетипично користење на црната боја. Познатата креаторка ги испрати на пистата своите „невести“ во венчаници со силуета на сирена и раскошни бели здолништа комбинирани со црни корсети. Впечатлив детаљ беа долгите кожени ракавици кои ѝ контрираа на елеганцијата на фустаните.

Vera Wang Vera Wang

Oscar de la Renta

„Секоја жена сонува за тој ден. Мораш да одиш еден чекор понапред и да го исполниш тој сон за да направиш нешто во кое една жена ќе се заљуби“ – пишувало во белешките на искусниот дизајнер, кој се насочи главно кон користење на чипка и органза за да ги зачини фустаните со цветни дизајни и стратешко поставени проѕирни елементи. Ревијата започна со бебешко сина венчаница, а заврши со фустан во пастелно розова боја.

Oscar de la Renta Oscar de la Renta

Carolina Herrera

Каролина Ерера уште еднаш потенцира дека не следи трендови и дека секоја венчаница создадена во нејзиното ателје е уникатна и приказна сама за себе. Цветните апликации и извезените металик детали ги красеа креациите меѓу кои венчаниците со А-линија срамежливо им отстапија место на фустаните со силуета на сирена.

Carolina Herrera Carolina Herrera

Reem Acra

Рим Акра, како и нејзините сограѓани Ели Сааб, Зухаир Мурад и Жорж Хобеика, е експерт за истакнување на сензуалноста на женската линија преку раскошни фустани со прецизно изработени детали.

Reem Acra Reem Acra

Romona Keveza

Ромона ја започна ревијата со колекција вечерни свечени фустани, а веднаш потоа ги испрати своите „невести“ во фустани со драматичен волумен, ретро линии инспирирани од 50-тите и класични силуети.

Romona Keveza Romona Keveza

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.