Кралицата на невестинските фустани, Вера Ванг, постави нов тренд – црни венчаници. Познатата дизајнерка во саботата во Њујорк ја претстави својата нова колекција за сезоната есен/зима 2012, но на модниот подум немаше ниту трага од невестинската бела или популарната боја на слонова коска.
Петнаесетте креации се во црна или пудра боја, а во секоја од нив Ванг успеа да го надополни готик стилот со одредена доза модернизам. Драматичните фустани се изработени од органза, тул и тантела.
Од славните личности, Сара Џесика Паркер носеше црн фустан на нејзината свадба, но до ден денес жали за таквата одлука. Дали вие би избрале црн невестински фустан за вашата свадба?
