Вера Ванг и нејзините две ќерки блеснаа во гламурозни стајлинзи за божиќната вечера.
74-годишната дизајнерка носеше фустан во тиркизна нијанса од своето ателје додека покрај неа позираа 33-годишната Сесилија и 30-годишната Џозефин.
„Јас и моите девојки. Многу сум среќна што сме заедно“ – напиша Вера, која постојано добива комплименти за младешкиот изглед.
Сесилија и Џозефин се деца на Вера и нејзиниот поранешен сопруг Артур Бекер.
Ванг ги покажа и празничните декорации во својот дом и промовираше ново просеко од нејзиниот бренд Vera Wang Party.