Почетна » Убавина и мода » Мода » Модни икони: Одри Хепберн

Модни икони: Одри Хепберн

Грациозност на божица, елеганција на балерина, вонвременски шарм и беспрекорно чувство за стил – Одри Хепберн е модната икона која го редефинира стилот во текот на 60-тите години на минатиот век. Препознатлива по кусите асиметрични шишки, елегантните шапки, големите темни очила за сонце и епитетот „дама со стил“, Одри Хепберн останува муза и инспирација и половина век подоцна.

Одри Хепберн

Отмена и одмерена, со харизма која нема конкуренција на екраните, Одри покорува со големи очи на срна, енигматска насмевка и држење на вистинска дама.

Убавината на жената не се крие во облеката која ја носи, фигурата или начинот на којшто си ја средува косата. Убавината на жената се гледа во нејзините очи, затоа што тие се портата до нејзиното срце, местото каде што живее љубовта. Вистинската убавина во жената се рефлектира во нејзината душа.

Родена во 1929 година во Белгија, првата страст таа ја пронаоѓа во балетот и долго време дисциплинирано и посветено се стреми да се усоврши како балерина. Но, откако добива совет дека слабата и висока фигура ќе ѝ попречи да стане прима балерина, Одри започнува сериозно да навлегува во светот на филмот, што брзо ќе ѝ донесе светска слава.

Одри Хепберн Одри Хепберн Одри Хепберн Одри Хепберн Одри Хепберн Одри Хепберн Одри Хепберн Одри Хепберн Одри Хепберн

Хепберн во Funny Face (1957)

Одри Хепберн Одри Хепберн Одри Хепберн

Првите чекори кон големиот екран ги прави скромно. Холивуд дознава за неа по филмот „Roman Holiday“ (1953) кој ѝ носи Оскар за Најдобра актерка. По првиот голем успех, следува низа од проекти „Sabrina“ (1954), „Funny Face“ (1957), „The Nun's Story“ (1959), „Breakfast at Tiffany's“ (1961), „My Fair Lady“ (1964) и „Wait Until Dark“ (1967) кои ѝ помагаат на Одри да влезе на кратката листа на ѕвезди кои освоиле Оскар, Тони, Еми и Греми награди.

Одри Хепберн Одри Хепберн Одри Хепберн Одри Хепберн Одри Хепберн Одри Хепберн Одри Хепберн Одри Хепберн Одри Хепберн

Хепберн со Кери Грант во Charade (1963)

Одри Хепберн Одри Хепберн

Нејзиното модно присуство како на филмското платно, така и на улиците на големите метрополи, е фасцинантно и незаборавно. Раководејќи се од мотото дека убавината лежи во едноставноста и елеганцијата и не покорувајќи се слепо на веќе постоечките модни трендови, Одри создава свој личен препознатлив стил.

Одри веројатно е највиновна за популаризацијата на малиот црн фустан, бисерите и целиот Живанши изглед, кој подразбира елегантно истакнување на женската силуета. На приватен план, Хепберн ја преферира удобноста, не заборавајќи на своите физички квалитети, но и недостатоци. Ниту една актерка не предизвикала поголем восхит во модниот свет, споредено со оваа дива, која многупати ги красела кориците на „Vogue“ и „Harper’s Bazaar“.

„Breakfast at Tiffany's“ го запечати силното влијание на Одри во светот на модата. Црниот фустан од Живанши со кој таа одушевува во познатата романтична комедија, искомбиниран со бели ефектни бисери и елегантна фризура, е најпознатиот мал црн фустан на сите времиња.

Одри Хепберн Одри Хепберн Одри Хепберн

Оригинално, улогата на Холи Голајтли во култниот „Breakfast at Tiffany's“ е наменета за Мерилин Монро, но откако продуцентите фрлаат поглед на харизматичната Хепберн, одлуката е дека токму таа е вистинско олицетворение на музата која ја замислил авторот на истоимениот роман Труман Капоти.

Стремејќи се кон класичен изглед изграден околу чисти линии, едноставни, но впечатливи модни додатоци и минималистичка палета, Одри ги привлекува погледите на највлијателните во модната индустрија и се појавува во околу 650 различни списанија кои имаат само комплименти за нејзиниот стил.

Одри Хепберн

Наспроти стереотипите од средината на минатиот век дека женственото лице би требало да е крунисано со тенки веѓи, Одри го избира природниот изглед на веѓите, кој е актуелен и денес. Полните веѓи се една од препознатливите карактеристики кои се сврзуваат со оваа икона со големи очи полни со жар и насмевка која зрачи со искреност и топлина.

Одри Хепберн Одри Хепберн Одри Хепберн

Откако ќе остави силен отпечаток во филмскиот и модниот свет, Одри се повлекува за да се посвети целосно на семејството и хуманитарната работа. Како амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ, ја вади на виделина својата убава душа.

Одри Хепберн

За разлика од многу холивудски ѕвезди, Одри никогаш не покажува страв од стареењето. „Таа секогаш беше малку изненадена од напорите на жените да изгледаат млади. Всушност, таа беше среќна што старее, бидејќи тоа значеше повеќе време за неа, повеќе време за нејзиното семејство и дистанцирање од лудилото по младоста и убавината кое владее во Холивуд“ – изјавил нејзиниот син Лука Доти.

Доследна на својата животна филозофија, Одри ги прескокнува козметичките операции за подмладување и со гордост ги носи линиите на кожата на лицето. Дури и во длабока возраст, нејзиното држење и стил се достојни за восхит.

Одри Хепберн Одри Хепберн

Последните денови од животот Одри ги минува во Швајцарија, борејќи се со рак. Животот на големата ѕвезда згаснува на 20 јануари 1993 година.

Од мало девојче кое ги искусува на своја кожа суровоста и последиците на Втората светска војна, до хуманитарка, муза, мајка на две деца и модна икона, Одри Хепберн секогаш ќе остане запаметена по добродушноста, елеганцијата и стилот.

Одри Хепберн Одри Хепберн Одри Хепберн Одри Хепберн Одри Хепберн Одри Хепберн

„Верувам во розовата боја. Верувам дека со смеењето се согоруваат најмногу калории. Верувам во бакнување, во многу бакнување. Верувам дека треба да се остане силна, кога изгледа како сè да оди наопаку. Верувам дека среќните девојки се најубави. Верувам дека утре е уште еден нов ден и верувам во чуда“.

„Има многу повеќе во сексуалната привлечност од мерките на телото. Не ми треба спална соба за да ја докажам својата женственост. Можам да покажам исто толку сексапил и берејќи јаболка од дрво или стоејќи на дождот.“

„Како што стареете, ќе откриете дека имате две раце – едната за да си помагате себеси, другата за да им помагате на другите.“

„Еднаш слушнав дефиниција: Среќата е здравје и кратко памтење! Посакувам јас да го измислев тоа, затоа што е многу вистинито.“

„За привлечни усни, зборувајте само добри зборови. За убави очи, барајте го доброто во луѓето. За слаба фигура, споделувајте ја храната со гладните. За убава коса, дозволувајте му на дете да поминува со прстите низ неа еднаш дневно.“

Одри Хепберн

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19736 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.