Почетна » Убавина и мода » Мода » Модни икони: Принцезата Дијана

Модни икони: Принцезата Дијана

Шармот на принцезата Дијана е симбиоза од харизма, хуманост, ранливост, скромност и незаборавна елеганција. Како вистинска „принцеза на народот“ и „кралица на срцата“, Дијана е најомилениот член на британското кралско семејство, кој инстантно го освои светот, а подоцна го растажи со прераната трагична смрт.

Трансформацијата на Дијана од срамежлива невина тинејџерка во самоуверена модна икона се случуваше пред будното око на јавноста. Еволуирањето на нејзиниот стил беше резултат на постепеното откривање на нејзината индивидуалност и нејзиното созревање како жена.

Принцезата Дијана Принцезата Дијана Принцезата Дијана Принцезата Дијана

Дијана е родена на 1 јули 1961 година во Норфолк. Уште кога беше дете нејзините родители се разведоа, а старателството го доби нејзиниот татко Ерл Спенсер. По завршувањето на училиштето, љубовта кон децата ја поттикна да се вработи во градинка.

Дијана додека работеше во градинкаДијана додека работеше во градинка

Дијана се запозна со принцот Чарлс во 1977 година, кога тој се забавуваше со нејзината сестра Сара. Но, Чарлс сериозно се заинтересира за неа три години подоцна. Кралското семејство ја запозна Дијана во ноември 1980 година, а веќе по неколку месеци беше објавена свршувачката.

Официјалната свршувачка стигна до ушите на јавноста на 24 февруари 1981, откако Дијана го доби и вереничкиот прстен со голем овален сафир опкружен со 14 дијаманти. Пред две години со истиот прстен принцот Вилијам ја побара Кејт Мидлтон за жена.

На денот на свршувачката на Дијана и ЧарлсНа денот на свршувачката на Дијана и Чарлс На денот на свршувачката на Дијана и Чарлс

Дијана веднаш стана мета на папараците, кои ја следеа насекаде. Јавноста беше гладна за што повеќе информации за идната принцеза.

„Свадбата на векот“ или „свадбата од бајките“, на која Лејди Дијана Спенсер и принцот Чарлс се заколнаа на вечна љубов, се одржа на 29 јули 1981 година. Стапувањето во брак на 20-годишната Дијана и 32-годишниот член на кралското семејство имаше телевизиска публика од 750 милиони лица, додека над 600.000 луѓе ги преплавија улиците во Лондон за да фрлат поглед на новата принцеза.

Свадбата на Дијана и Чарлс

Романтичната венчаница на Дијана ги зароби сите погледи. Раскошната креација на Дејвид и Елизабет Емануел со волуменозни ракави и „опашка“ долга 8 метри, беше декорирана со 10.000 бисери, софистицирана чипка и рачно извезени детали. За време на свадбената церемонија во катедралата Свети Павле, на која присуствуваа 3.500 луѓе, Дијана намерно пропушти да вети дека ќе му се „потчинува“ на својот сопруг, што беше заедничка одлука на парот, но предизвика многу дискусии во тоа време.

Свадбата на Дијана и Чарлс

Свадбата беше врата кон нов свет кој носеше повеќе нови улоги за Дијана – член на кралското семејство набљудуван под лупа, верна сопруга, грижлива мајка, филантроп.

Придобивајќи ја титулата принцеза од Велс, Дијана беше должна да ја поддржува модната индустрија на својата земја и да носи креации од британски дизајнери, меѓу кои Кетрин Вокер, Виктор Еделстејн и Дејвид и Елизабет Емануел.

На почетокот Дијана играше „безбедно“ со стилот на облекување, потпирајќи се на бајковити креации со многу панделки и набори кои беа олицетворение на фантазиите на секое мало девојче за поимот принцеза. Живите „среќни“ бои кои го заробуваа вниманието на камерите и гледачите беа доминантни во нејзиниот стил и најчесто беа занемарувани сивите, темнозелените и темносините нијанси. Често таа носеше креации со цветен дезен и точкест принт.

Принцезата Дијана Принцезата Дијана Принцезата Дијана Принцезата Дијана

Пред да ја прослават првата годишнина од бракот, Чарлс и Дијана станаа родители. Принцот Вилијам се роди на 21 јуни 1982 година, а две години подоцна пристигна и вториот син, принцот Хари.

Дијана, Чарлс и малиот ВилијамДијана, Чарлс и малиот Вилијам Дијана со принцот Вилијам и принцот ХариДијана со принцот Вилијам и принцот Хари

И во текот на бременоста стилот на Дијана остана одмерен и префинет, влијаејќи на илјадници жени кои љубопитно го следеа секое нејзино појавување во јавност.

Дијана во бременостаДијана во бременоста

Таа беше главната „виновничка“ за враќање на трендот кој вклучува носење женски шапки. Одеднаш носењето софистицирани и уникатни женски шапки на свечености не изгледало толку необично или смешно. Шапкарот Филип Сомервил е заслужен за љубовта на Дијана кон поголеми шешири со контрастни рабови, кои беа во хармонија со нејзината висока и елегантна силуета.

Принцезата Дијана Принцезата Дијана Принцезата Дијана Принцезата Дијана Принцезата Дијана

Во 1985 година, Дијана и Чарлс присуствуваа на гала вечера во Белата куќа организирана од претседателот Роналд Реган. Ненси Реган знаејќи дека Дијана е голема обожавателка на Џон Траволта, му сугерира да ја покани да танцуваат. Фотографиите од нивниот 15-20-минутен танц го обиколија светот. Во тој момент Дијана носеше кадифен тегет фустан од Виктор Еделстејн. Фустанот стана една од најпрепознатливите креации кои се поврзуваа со имиџот на Дијана.

Дијана и Џон Траволта во Белата куќаДијана и Џон Траволта во Белата куќа

Најомилената дизајнерка на Дијана несомнено беше Кетрин Вокер, Французинка која живееше и работеше во Лондон. Вокер е одговорна за околу 500 од свечените креации во кои Дијана блескаше на најразлични настани.

Дијана во креации на Кристин ВокерДијана во креации на Кристин Вокер

Еден од најпознатите фустани на Вокер, Дијана го нарече „Елвис“. Белата креација украсена со бисери и пулејки, со соодветно болеро, принцезата ја носеше за доделувањето на Британските модни награди во 1989 година, а потоа за време на нејзината официјална посета на Хонгконг.

Дијана во „фустанот Елвис“Дијана во „фустанот Елвис“

Во декември 1992 година официјално беше објавено дека принцезата Дијана и принцот Чарлс се разделуваат, што воопшто не беше шок за јавноста, бидејќи години наназад медиумите објавуваа детали за афери од двете страни кои го туркаа во бездна нивниот брак. Принцот Чарлс јавно призна дека имал афера со поранешната љубов и сегашна сопруга Камила Паркер, но дека ја обновил романсата само откако неговиот брак со Дијана бил непоправливо разрушен.

Големите промени во животот се одразија и на стилот на Дијана. Како што стануваше попопуларна, така Дијана преземаше поголеми модни ризици. По разводот, нејзината независност се рефлектира во облеката и таа започна да преферира потесни и посексапилни креации и обувки со штикла.

Еден од најпознатите фустани носени од Дијана за малку ќе останел засекогаш во гардеробер, бидејќи таа сметала дека е малку непристоен. Станува збор за црниот фустан во кој Дијана блесна на летна хуманитарна забава на лондонската уметничка галерија „Serpentine Gallery“ во јуни 1994 година, истата вечер кога контроверзна телевизиска програма обелодени детали за аферата на принцот Чарлс и Камила.

Елегантната креација која ја следи линијата на телото, наречена „одмазднички фустан“, е дело на грчката дизајнерка Кристина Стамболиан. Дијана во последниот момент се одлучила да го носи црниот фустан, кој три години го одбивала со изговор дека е премногу смел и дека би била нервозна доколку би го носела. „Таа сакаше да изгледа како милион долари. И навистина изгледаше така“ – изјавила Ана Харви, поранешната стилистка на Дијана.

Дијана во „одмаздничкиот фустан“Дијана во „одмаздничкиот фустан“ Принцезата Дијана Принцезата Дијана Принцезата Дијана

Во текот на својот живот, Дијана се појави на три корици на модната библија „Вог“, а нејзина фотографија беше на насловната страница и неколку месеци по смртта. Легендарниот фотограф Патрик Демаршелие ја имаше честа да ја овековечи убавината на модната икона од кралското семејство.

Дијана(1) „Вог“ – август 1981 година. (2) „Вог“ – декември 1991 година, фотограф: Патрик Демаршелие. (3) „Вог“ – јули 1994 година. (4) „Вог“ октомври 1997 – Фотографијата била направена во 1994 година од Демаршелие, но била искористена во изданието по нејзината смрт.

Во ниту еден момент од животот Дијана не ја занемари хуманитарната дејност. Неуморната принцеза постојано посетуваше болници и училишта, се залагаше за подигање на свеста за болести како сида и лепра и се интересираше за безброј хуманитарни организации кои работеа со бездомници, зависници, млади и стари лица. Во последната година од животот, Дијана активно ја поддржуваше Меѓународната кампања за забрана на нагазни мини, којашто доби Нобелова награда за мир неколку месеци по смртта на принцезата.

Дијана во АнголаДијана во Ангола како дел од кампањата против нагазните мини Дијана со жртвите на нагазни миниДијана со жртвите на нагазни мини Дијана со Мајка ТерезаДијана со Мајка Тереза

Две љубовни врски го карактеризираа личниот живот на Дијана по разводот. Едната со Хаснат Кан, хирург од Пакистан, кого Дијана го нарекувала „вистинскиот“. Блиски на принцезата потврдуваат дека тој бил љубовта на нејзиниот живот и дека таа и планирала да се пресели во Пакистан. Поради религиски и други разлики, Дијана и Хаснат се разделуваат и таа веднаш влегува во врска со Доди Ал Фајед.

Неколку месеци пред смртта, Дијана продаде 79 фустани од својата колекција на аукција. Собраните 3 милиони фунти биле донирани во хуманитарните организации со кои Дијана најмногу соработувала.

На 31 август 1997 година Дијана и Доди Ал Фајед загинаа во сообраќајна незгода во Париз. Нивната смрт е обвиена во мистерија. Иако многумина веруваат дека смртта била несреќен случај предизвикан од папараците кои го следеле познатиот пар, не се малку и тие кои сметаат дека всушност станува збор за убиство.

Цвеќиња од обожавателите на Дијана по нејзината смртЦвеќиња од обожавателите на Дијана по нејзината смрт Елтон Џон ја исполни „Candle in the Wind“ на погребот на Дијана

Дијана сакаше да биде кралица на срцата на луѓето, а не кралица на Велика Британија. И успеа во тоа. Никој не ја заборави принцезата која допираше до луѓето со милата насмевка, големото срце, емпатијата, несекојдневниот шарм и чувството за мода.

Принцезата Дијана Принцезата Дијана Принцезата Дијана Принцезата Дијана Принцезата Дијана Принцезата Дијана

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20926 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.