Почетна » Убавина и мода » Мода » Лондонската модна недела – колекции есен/зима 2014-2015

Лондонската модна недела – колекции есен/зима 2014-2015

Лондон секогаш нуди модни изненадувања и го заробува вниманието со еклектички модни визии. За разлика од минатата сезона, кога колекциите презентирани во британската метропола ги спои романтиката, сега е тешко да се дефинира една заедничка тема за разнообразните колекции есен/зима 2014.

Burberry Prorsum

Сликарството и модата се испреплетија во колекцијата на Кристофер Бејли, кој го остави зад себе класичниот изглед на тренч-мантилите што стојат во темелите на брендот и презентираше динамична и сензибилна колекција. Модното шоу „The Bloomsbury Girls“ било инспирирано од творештвото на мала група легендарни Британци – Вирџинија Вулф, Ванеса Бел, Данкан Грант и Роџер Фрај.

Креативниот дизајнер ја одушеви бројната публика со рачно насликани чанти, палта од овча кожа, обувки, колани... Колоритните марами играа важна улога во колекцијата, најчесто збогатувајќи ја силуетата на деликатните фустани, а особено впечатливи беа ќебињата од волна и кашмир во Навахо стил. На крајот на шоуто манекенките дефилираа прекриени со ќебиња на кои беа испишани нивните иницијали.

Burberry Burberry

Том Форд

Гостите на ревиите на Том Форд секогаш очекуваат храбри и сексапилни креации, но овој пат славниот дизајнер изненади со колекција во која сексапилот е на втор план. „Ова е поинаква верзија на секси. Облеката е тесна на колковите. Мораш да го зграбиш телото некаде, а за мене, сè се врти околу колковите“ – рекол тој.

Форд црпел инспирација од двете места кои ги нарекува свој дом – Санта Фе и Лондон. „Модерното родео“ на Форд изразено преку модифицирани каубојски чизми се судри со лондонскиот стил од 60-тите. Никој не ги пропушти светкавите фустани со натпис „Tom Ford 61 Molly“, кои се луксузна варијанта на маицата која Џеј Зи ја носеше на свои концерти додека ја пееше песната „Tom Ford“.

Tom Ford Tom Ford

Џулиен Мекдоналд

Гламур зрачеше од креациите на Џулиен Мекдоналд, кој го сведе користењето на материјали до минимум. Ткаенините претставуваа провидна основа на која блескаа декорации коишто наликуваа на мозаици од искршени обоени стакленца или пердуви.

Импресивната катедрала во францускиот град Ремс му ја дала потребната инспирација на Џулиен. „Како Ремс да се претвори во Студио 54“ – рекол тој.

Julien Macdonald Julien Macdonald

Temperley London

Патување во италијанскиот град Комо ја разбуди фантазијата на Алис Темперли, која претстави многу повеќе дневна облека одошто се очекуваше.

Декорации инспирирани од религиозна италијанска облека ги прекриваа креациите, но исто така можеа да се видат и колоритни фолклорни елементи.

Temperley London Temperley London

Давид Кома

Кома се задлабочил во сликите на германскиот уметник Лукас Кранах Постариот и ја преточил инспирацијата во строга геометриска колекција.

Облека инспирирана од корсети, ролки, здолништа „хармоника“ и кожени панталони го задржуваше вниманието на публиката, која остана фасцинирана и од динамиката предизвикана од спојувањето на различни текстури.

David Koma David Koma

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.