Мечтаете за блескава кожа со изедначен тен, младешки сјај и цврстина? Склучете пакт за разубавување со сè попопуларниот витамин Ц и резултатите ќе ве изненадат.
Сосема разбирливо е што овој витамин стана фаворизирана магична состојка во современата козметика, затоа што носи огромни бенефиции, а ефектите се видливи за кратко време.
Клучни бенефиции од витаминот Ц
Витаминот Ц придобива статус на суперхерој во козметичката индустрија. Придобивките од користењето на овој силен антиоксиданс се бројни, но ги истакнуваме следните:
Ја осветлува кожата и ги елиминира темните дамки
Живееме во ера на дигитални филтри кои за секунда ја измазнуваат кожата до совршеност, а во реалниот живот, рамномерниот тен станува сè попосакувана дерматолошка цел. Тука напомош доаѓа витаминот Ц, како силен сојузник за осветлување на кожата и отстранување на темните дамки и флеки. Производите со витамин Ц се борат со старечките дамки и флеките од акни или изложеност на сонце, а ја намалуваат и хиперпигментацијата.
Промовира создавање на колаген и ја зацврстува кожата
Сите копнееме по еластична кожа која е „отпорна“ на брчки. Но, со текот на годините, се намалува создавањето на колаген што води до опуштена кожа и појава на фини линии. Витаминот Ц е природен стимулатор на продукцијата на колаген, па серумите и кремите кои се базирани на него се моќно оружје против видливото стареење на кожата.
Го смирува црвенилото и ја намалува иритацијата
Една од позначајните карактеристики на витаминот Ц е неговото антивоспалително дејство. Доколку ви се зацрвенува лицето или лесно ви се иритира кожата, дајте му шанса на квалитетен серум со витамин Ц и набрзо ќе го увидите позитивниот ефект.
Ја подобрува хидратацијата
Витаминот Ц ја спречува загубата на вода, па кожата ја задржува влажноста и останува добро хидратирана подолго време. Особено е препорачливо да се внимава на хидратацијата за време на студените денови кога влажноста во воздухот е намалена, а ладниот ветер и струењата предизвикани од грејните тела дополнително ја сушат кожата.
Штити од УВ зраци и надворешни агресори како загадување на воздухот
Витаминот Ц ја штити кожата од ултравиолетовите зраци. Всушност, на него треба да гледате како на дополнителна заштита покрај крема со заштитен фактор. Дерматолозите советуваат да нанесувате серум со витамин Ц под кремата со минимум заштитен фактор 30.
Исто така, витаминот Ц го подобрува природниот заштитен механизам на кожата и таа се претвора во бариера поотпорна на надворешни агресори. Загадувањето на воздухот влијае многу негативно на кожата, бидејќи води до предвремено стареење, појава на црвени регии, акни и воспалителни состојби како егзема. Во овој контекст, витаминот Ц влегува во улогата на антиоксидант и ја неутрализира штетата од загадувањето и слободните радикали.
Како да користите витамин Ц за поздрава и поубава кожа?
Се прашувате како да го инкорпорирате витаминот Ц во секојдневната бјути рутина? Има многу лесен начин да ја примите дневната доза витамин Ц за кожата – линијата Skin Naturals со витамин Ц* од Garnier.
Козметичката линија вклучува 5 производи наменети на сите типови на кожа кои се со веганска формула и што е најважно – не се тестирани врз животни.
Започнете ја рутината со Garnier Vitamin C* мицералната вода, која на едноставен начин ја чисти и освежува кожата. Оваа мицерална вода збогатена со витамин Ц* ја враќа енергијата на кожата, ја чисти шминката и ја изедначува текстурата.
Следно употребете го Garnier Vitamin C* гелот за чистење на лицето, кој длабински ја чисти кожата и ѝ дава посебен блесок. Масирајте со нежни движења пред да го исплакнете лицето.
Garnier Vitamin C* маската за лице е идеална за моментите кога вашата кожа изгледа уморно и ја чувствувате дехидрирана. Освежителната маска за само 15 минути овозможува интензивна хидратација.
Серумот Garnier Skin Naturals Vitamin C* е посебно формулиран за темни дамки и придонесува за хомогена и блескава кожа. Со својата моќна мешавина на активни состојки, ја омекнува кожата и ѝ дава природен сјај. По употреба од само 6 дена**, веќе е видливо избелувањето на темните дамки, а по 8 недели, дамките се намалуваат за 43%**.
Нанесете на чиста и сува кожа и втријте го со масирање додека целосно не се впие. Се користи наутро и навечер, пред дневна или ноќна кремa.
Финиширајте ја ефикасната рутина со хидратантниот гел Garnier Vitamin C* со екстракт од лимон. Дури 98% од состојките во овој гел за секојдневна употреба се со природно потекло.
Ве заинтригиравме? Витаминот Ц е многу повеќе од бустер на имунитетот и заслужува да влезе во вашиот несесер за да ѝ асистира на вашата кожа да блесне во полн сјај.
* дериват на витамин Ц
**клинички тест на 74 лица