Почетна » Семејство » Дете » „Не пуштајте цртани додека го храните детето; Не го тепајте детето“: 8 совети од руски психолог за сите родители

„Не пуштајте цртани додека го храните детето; Не го тепајте детето“: 8 совети од руски психолог за сите родители

Прочуен руски психолог сподели родителски совети, кои ќе ви помогнат при воспитувањето на вашето малечко. Децата не доаѓаат на овој свет со прирачник за безгрешно растење, па поради тоа, советите на Михаил Лабковски се вредни за анализирање.

Михаил Лабковски

1. Научете го детето да прави избор од мали нозе

Мајките честопати доаѓаат кај мене и ме прашуваат како да му помогнат на нивното 16-годишно дете да направи избор – која професија да ја избере, на кој факултет да се запише. За жал, сте задоцниле.

Треба да го научите детето да прави избор уште со раѓањето, кога тоа ќе може да ви одговори. Секој ден поставувајте му прашања: „Што сакаш за појадок: јајце на око или кајгана?“ Оваа вештина на носење одлуки подоцна во животот им помага на децата да ја изберат својата професија, па дури и својот животен партнер.

2. Уште на 6-годишна возраст започнете да му давате на детето определен џепарлак

Детето може да избере да потроши сè што ќе му дадете на бонбони, а може да избере да штеди пари за некогаш да си купи автомобил. Важното е што самото ќе научи како да ги троши парите. Ова е многу важно.

3. Не го принудувајте детето да чисти насила

Единствениот сигурен начин за да го научите на физички труд е преку игра. Кога тоа ќе наполни 3 или 4 години, дајте му обврска да ги измие садовите или да го исчисти подот. Ако го направите тоа во форма на игра, тогаш детето нема да протестира дури ни ако има 10 години.

Дете

4. Не пуштајте цртани филмови додека го храните бебето

Во таков случај хранењето се претвора во „фрлање храна во фурна“. Детето треба да ужива во оброкот, а не да џвака механички. Ставете ја чинијата на масата и соберете ја по 15 минути. Ако не го изеде оброкот, во ред е, ќе го изеде следниот.

Дете

5. Не се принудувајте себеси да поминувате време со детето кога не го сакате тоа, бидејќи бебињата чувствуваат сè

Подобро е да поминете 20 минути со вашето малечко, но со задоволство. Останатото време, посветете си го себеси и на сопствениот развој. На крајот на краиштата, најдоброто нешто што можете да им го дадете на вашите деца е вашиот пример!

6. Апсолутно не смеете да ги тепате децата

Тоа не е метод на воспитување, туку тоа е ваша агресија. Детето не разбира зошто е тепано, тоа е како исплашено животно. Ако не сакате да го третирате детето како животно, не го допирајте со вашите раце! Физичкото насилство е директен пат кон невроза. Има многу други начини за да го казните детето – на пример, да му ја одземете омилената играчка или уред. Ако не можете да си ја совладате агресијата, одете на психолог.

Дете

7. Совет за мајките кои работат

Кога заминувате на работа, а вашето дете ќе ве гушне за ногата и ќе ве замоли да останете дома, што му велите? Дека мама ќе оди да прави пари? Ова е погрешно! Подобро е да речете дека мама ја сака својата работа. Така детето нама да чувствува дека времето поминато со него се заменува со пари и ќе научи дека работата е поради љубов, дека е кул, и дека не мора секогаш да се мачиш за да заработиш.

8. Не постои дете кое е „пресакано“!

Невозможно е да го сакате вашето дете премногу. Гушкајте го вашето дете колку што е можно почесто и кажувајте му колку многу го сакате. Само тоа може да му влее самодоверба и да му даде среќен живот кога тоа ќе порасне.

Дете

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.