Почетна » Семејство » Дете » Д-р Катерина Василева Димовска: Што е и како да познаете синдром на периодични трески?

Д-р Катерина Василева Димовска: Што е и како да познаете синдром на периодични трески?

Имунолошкиот систем има задача да ги пронајде и уништи бактериите и вирусите кои би можеле да му наштетат на организмот на детето и нѐ одржува да бидеме здрави. Имунолошкиот одговор преку активација на инфламација или воспаление овозможува одбрамбениот одговор да биде активен. Активираните имунолошки клетки се тие кои испраќаат сигнали до мозокот за да настане треска и покачена телесна температура.

Но, понекогаш зголемената телесна температура и треската ќе се јават без јасна причина. Оваа состојба се јавува кај синдромот на периодични трески или познат и како ПФАПА синдром, чие име е кратенка од неколку англиски термини: Periodic Fever, Aphthous stomatitis, Pharyngitis, Adenitis.

Жан Митрев

Кај ПФАПА синдромот постои абнормална активација на имунолошките клетки, што ќе предизвика абнормално воспаление и покачена телесна температура.

Оваа состојба спаѓа во групата на имунолошки нарушувања и е најчеста во оваа група нарушувања.

Се јавува речиси секогаш кај деца, а критична возраст на појавување на истата е меѓу третата и петата година. И бидејќи станува збор за период на растење и честа изложеност на малите деца на инфекции со вируси и бактерии, оваа состојба останува не препознаена и не дијагностицирана. Фактот дека во речиси 90% од случаите поминува спонтано и со ремисија после шестата година, дополнително го отежнува моментот за навремено откривање.

Жан Митрев

Кои се главните симптоми?

  • Појава на фебрилности на секои 4 до 6 недели
  • Периодите на покачена температура може да траат од 4 до 5 дена
  • Воспалено и болно грло
  • Зголемени лимфни јазли во предел на вратот
  • Отечени и воспалени тонзили/крајници
  • Појава на афтозни промени на букалната слузница и/или тонзилите

Кај овие деца се повторувани бројни микробиолошки брисеви кои во поголем дел биле негативни. Во текот на епизодите на покачена температура речиси секогаш маркерите за инфекција се изразито високи, така што децата завршуваат редовно на антибиотска терапија која што во овој случај нема никаков ефект врз подобрувањето на состојбата.

Освен тоа, високата телесна температура речиси и да не реагира на антипиретици од типот на Парацетамол или Бруфен.

Поретко, оваа состојба може да биде придружена и со други симптоми, како што се:

  • Главоболка
  • Болки во мускулите
  • Болки во зглобовите
  • Стомачни болки.

Се смета дека болеста е комплексно-генетска, има фамилијарно појавување и се наследува автосомно-доминантно, па така неретко се добива податок за родителите дека и тие имале слични проблеми во детска возраст.

Зошто е важна дијагностиката кај ПФАПА, синдромот на периодична треска?

Важноста на дијагностиката е клучна од неколку аспекти:

  • Диференцирање од други имунолошки болести и/или автоимуни состојби
  • Правилно третирање и терапија соодветно на дијагнозата
  • Избегнување на антибиотска терапија кај детето без јасна причина
  • Избегнување на континуирано и/или комбинирано давање на стандардните антипиретици и/или имуностимулатори кои немаат никаков ефект на состојбата

Одделот за педијатрја во клиниката Жан Митрев ви стои на располагање за сите педијатриски проблеми. Закажете ја вашата консултација на 02 3091 484

Медицина

Д-р Катерина Василева Димовска
Специјалист по педијатрија
„Жан Митрев Клиника“ – Скопје

Жан Митрев

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20778 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.