Почетна » Семејство » Бебе » Д-р Катерина Василева Димовска: Дијагностицирање на синдромот „млитаво дете“

Д-р Катерина Василева Димовска: Дијагностицирање на синдромот „млитаво дете“

Синдромот „млитаво дете“ (floppy infant) или нарекуван уште синдром на „кукла од крпчиња“ се карактеризира со хипотонија чии симптоми всушност манифестираат болести или состојби од централно или од периферно потекло. Зависно од причината на хипотонија кај доенчето, тоа појавува различни симптоми и знаци. Така, било кое оштетување на патот на моторниот неврон, ќе доведе до прекин на преносот на нервниот импулс кој ќе резултира со омлитавност на екстремитетите и губење на тетивните рефлексии. Токму од тука доаѓа називот „млитаво бебе“.

Жан Митрев

Клиничките иследувања се клучни за дијагноза на овој синдром. Од пресудно значење е истите да се спроведат уште во периодот веднаш по раѓање, бидејќи на тој начин ќе се откријат причинителите на хипотонијата. Без оглед на потеклото на причините, клиничката слика кај бебе со овој синдром ќе се манифестира со следните карактеристики:

  • „жабешки став“ односно поставеност на нозете како кај жаба (frog-leg),
  • млитавост на вратот при враќање на главата, односно заостанување на главата наназад при маневар на повлекување на бебето нанапред,
  • впечаток на „лизгање на бебето низ раце“ при маневар на држење под пазувите.
  • Жан Митрев

    Кога родителите може да се посомневаат дека нивното новороденче може да го има овој синдром? И кога да побараат невро-педијатриска консултација?

    Родителите можат да забележат невообичаености уште во периодот на бременост. Многу чест симптом може да бидат намалените или комплетно отсутни движења на плодот. Тоа е најчестиот предиктивен знак за новороденче со екстремна хипотонија. Знак за оваа состојба е и полихидрамнион – или зголемена количина на плодова течност.

    Исто така, доколку се случи родителите да забележат отежнато цицање и голтање кај новороденото, тоа се секогаш придружни знаци за вродени миопатии или спинална мускулна атрофија, но е и природен знак за вродени мускулни дистрофии. Затоа и во овој случај треба да побараат невро-педијатриско мислење.

    Како можни причини за синфромот на „floppy infant“ може да бидат: инфантен ботулизам, транзиторна новороденечка миастенија гравис, потоа хипермагнеземија или токсичен ефект на аминогликозиди. Хипотонијата е најчест придружен симптом кај оштетувања и малформации на мозокот. Во текот на клиничките иследувања, треба да се има увид и во постоењето на коморбидитети, односно комбинација на повеќе од една причина за хипотонија. И во сите овие случаи родителите треба да побараат мислење.

    Жан Митрев

    Третманот и лекувањето на овие состојби е индивидуално и со големи варијации, секако зависи од причините за настанатата омлитавеност кај детето. Најважно е да се потенцира дека императив е да се дијагностицира основната причина, за потоа да се пристапи кон целна нега и терапија, односно да се обезбеди третман кој ќе помогне во одржувањето и зголемување на постоечкиот мускулен тонус. Соодветниот начин на исхрана, правилните нутритивни навики и решавањето на тешкотиите во исхраната се исто така многу важен сегмент во третман на овие состојби.

    За одговори, совети и правилно дијагностицирање на располагање е искусната д-р Катерина Василева-Димовска – педијатар. Закажете термин на 02/3091-484.

    Медицина

    Д-р Катерина Василева Димовска
    Специјалист по педијатрија
    „Жан Митрев Клиника“ – Скопје

    Жан Митрев

    Анкета

    Анкета
    Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
    • 15%
    • 24%
    • 61%
    Се испраќа...

    (Вкупно: 20777 гласа)

    Цитат

    Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

    Лилиен Диксон

    Виц

    Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

    На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.