Кој не обожава тестенини? Стотици ароматни сосови, стотици неодоливи варијации за подготовка. Може да се каже дека тестенините се како примамливо уметничко платно кое чека да стане основа на ремек-дело.
Поставивме двајца македонски фуд блогери пред предизвикот да создадат свое кулинарско ремек-дело од фусили. Имено, Дејв од „Dave’s Kitchen“ и Теа од „Готвиме со Теа“ подготвија брзи и вкусни јадења кои веднаш би ве поттикнале да посегнете по виљушката.
Па, кој специјалитет ви се допаѓа повеќе?
Dave's Kitchen: Фусили со пилешко и зеленчук
Состојки
500 гр | фусили Zlato Polje |
1 | тиквичка исечена на кругови |
1 | мал модар домат исечен на кругови |
2 парчиња | пилешко филе |
200 гр | шампињони, ситно исечкани |
1 | чешне лук, ситно исечкано |
2 мали | феферони пиперки |
½ мала лажичка | мешан сув зеленчук |
1 мала лажичка | сушено оригано |
маслиново масло | |
сол | |
мелен црн пипер |
Подготовка
- Во грил тава на оган загрејте маслиново масло, а пилешкото добро зачинете го со сол и мелен црн пипер.
- Пресечете го секое парче пилешко на половина така што ќе добиете вкупно 4 парчиња. Гответе ги парчињата месо на загреаната тава по околу 7-8 минути од секоја страна. Добро зготвените парчиња пилешко ставете ги во чинија и покријте ги со алуминиумска фолија, додека го подготвувате зеленчукот.
- Во истата тава, додајте маслиново масло и гответе ги парчињата тиквичка, модар домат и свежи шампињони. По 5 минути, додајте го ситно исечканиот лук и сечканите феферони пиперки. Промешајте и гответе околу 10 минути.
- За тоа време, во зовриена вода со малку сол сварете ги фусилите. Внимавајте да не ги зготвите премногу. Згответе ги 1-2 минути помалку од времето препорачано на кесичката. Потребно е да бидат ал-денте.
- Промешајте го зеленчукот и додајте ги сварените фусили во грил тавата. Добро промешајте и зачинете со мешан сув зеленчук, сол и мелен црн пипер по вкус. Додајте го и сувото оригано и гответе околу 1 минута.
- Сервирајте од фусилите во чинија за послужување и додајте парче пилешки стек.
- По желба сервирајте со сечкани `фстаци.
Готвиме со Теа: Тако фусили
Состојки
500 гр | фусили Zlato Polje |
1 | тиквичка исечена на кругови |
300 гр | јунешко мелено месо |
1 главица | црвен кромид |
2 | големи зелени пиперки |
2-3 | домати |
2-3 | моркови |
мешан сув зеленчук | |
сол | |
мелен црн пипер | |
чили во прав | |
лук во прав | |
оригано | |
мелен ким |
Подготовка
- Ставете на оган вода во длабоко тенџере. Кога ќе почне да врие, во водата додајте малку сол и ставате ги тестенините да се варат 6 минути.
- Во меѓувреме, исецкајте го кромидот на ситни коцки и ставете го во тавче со малку масло да се пропржи. Откако кромидот ќе се карамелизира, додајте го месото и пржете додека месото не добие кафена боја (3-4 минути на умерена температура).
- Исецкајте го морковот на коцки и додајте го во месото. По некоја минута пржење, ставете ги доматот и пиперката, исто така исецкани на коцки.
- Пропржувате уште кратко, ги додавате зачините и на крај ги додавате претходно сварените и процедени тестенини. Убаво промешувате за тестенините да се соединат со сите состојки.
- Сервирајте ги во чинија и уживајте во вкусот.