Почетна » Рецепти » Пијалоци и коктели » Освежителна лимонада со праски

Освежителна лимонада со праски

Ве измачуваат тропските горештини и сакате нешто што ќе ве разлади и ќе ве освежи? Изгаснете ја жедта во жешките денови со природна лимонада со вкус на праски.

Идеалниот спој на слатко-кисели овошни вкусови ќе ви ја врати енергијата и ќе посакате уште и уште.

Лимонада со праскиЛимонада со праски

Состојки

4 шолјивода
2 шолјикрупно исечкани праски (4-5 праски)
1 шолјасвежо исцеден сок од лимон (4-5 лимони)
¾ шолјашеќер
2 шолјимраз

Инструкции за приготвување

  1. Во големо тенџере ставете ги водата, праските и шеќерот и поставете го на оган. Откако водата ќе зоврие, варете 3-4 минути за да омекнат праските.
  2. Низ голема цедилка претурете ја течноста во друг сад, а праските пасирајте ги со лажица за ги отстраните лушпите и месестиот дел.
  3. Ставете ја течноста во фрижидер да се лади неколку часа.
  4. Додајте го сокот од лимон во течноста со вкус на праска и ставете мраз.
  5. Послужете ја лимонадата ладна. Украсете со парче праска, јагоди, нектарини, лимон или цреши.

Жестока варијанта

Претворете ја лимонадата со праски во пијалак за возрасни со тоа што во неа ќе додадете бел рум, вотка или текила.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20902 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.