Long Island Iced Tea

Ќе се излажете ако си помислите дека Long Island Iced Tea е коктел во чија основа е ладниот чај. Иако звучи како лесен коктел, напротив – тој содржи многу алкохол и не е препорачлив за консумација преку денот ако сè уште имате обврски. И покрај големата количина на алкохол, Long Island Iced Tea некако успева да има одличен вкус.

Состојки

15mlвотка
15mlџин
15mlтекила
15mlликер од портокал (Triple sec, Cointreau)
15mlрум
30mlсок од зелен лимон
1 ч.л.шеќер
Кока-кола
мраз
Коктел Long Island Iced Tea

Подготовка

Long Island Iced Tea се служи во висока тенка чаша без рачка.

  1. Наполнете ја чашата до половина со мраз и оставете ја настрана.
  2. Во шејкер ставете ги петте алкохолни пијалоци, сокот од зелен лимон и шеќерот.
  3. Растресете го шејкерот околу 20 секунди.
  4. Налејте ја течноста во чашата.
  5. Дополнете ја чашата со малку Кока-кола, за коктелот да добие боја на ладен чај.
  6. Украсете со парче лимон.

Варијации

  • Long Beach Iced Tea – заменете ја Кока-колата со сок од боровинки.
  • Ако потешко го поднесувате алкохолот, тогаш направете си верзија на Long Island Iced Tea со помала количина од главните состојки, а повеќе Кока-кола.

Long Island Iced Tea – ВИДЕО

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.