Black Russian

Black Russian (Црн Русин; Црн Руски) е едноставен коктел од водка со арома на кафе. Името го добива поради основната негова состојка – водката и темната боја на ликерот од кафе.

Состојки

50mlводка
25mlликер од кафе (Kahlua)
мраз
Коктел „Black Russian“

Подготовка

Black Russian се служи во обична ниска чаша.

  1. Во чашата ставете неколку коцки мраз.
  2. Налејте ја водката.
  3. Додајте го ликерот од кафе.
  4. Промешајте и ставете кратка сламка за пиење.

Можете да пробате и Tall Black Russian. Се приготвува на истиот начин, само што се служи во висока чаша која се дополнува со Coca Cola.

Кој коктел и да го изберете, сигурно ќе уживате. На здравје!

Black Russian – Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20917 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.