Космополитен

Космополитен (Cosmopolitan) е софистициран коктел базиран на водка и зачинет со аромата на портокал и брусница. За прв пат е создаден во Сан Франциско, а станува популарен во 80-тите и 90-тите години. Накратко се нарекува Космо.

Состојки

30mlводка
15mlликер од портокал (Triple sec, Cointreau)
15mlсок од брусница
½зелен лимон
мраз

Подготовка

Космополитен се служи во чаша за мартини.

Космополитен
  1. Во чашата ставете мраз и оставете го да стои додека го приготвувате коктелот.
  2. Во шејкер ставете ги сокот од брусница, ликерот од портокал и водката. Исцедете половина зелен лимон и додајте мраз.
  3. Растресете го шејкерот. Штом однадвор се појави кондензација, состојките се добро промешани. Потребни ви се околу 20 секунди.
  4. Истурете го од чашата мразот кој го ставивте претходно.
  5. Прецедете ја течноста од шејкерот и налејте ја во чашата.
  6. Украсете со кора од портокал или лимон.

Уживајте!

Космополитен – Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.