Почетна » Рецепти » Намирници » Чај од нане – чудотворен за стомакот, сонот и многу повеќе

Чај од нане – чудотворен за стомакот, сонот и многу повеќе

За неговата лековита моќ сме слушале многу од нашите баби, по неодоливиот мирис можеме да го препознаеме и меѓу илјадници тревки, а неговиот освежителен вкус го среќаваме насекаде. Нането е ултра популарна билка која најчесто ја користиме за чај.

Чајот од нане може магично да ве стопли во студените денови, да ве разлади во топлите и експресно да ве релаксира. Но, најважно од сè е што може да ве награди со редицата здравствени придобивки.

Чај од нане

Ви треба причина плус за да уживате во шолја чај од нане? Во продолжение се наведени најважните бенефиции:

Силно делува против дигестивни проблеми. Чајот од нане ги релаксира мускулите на стомакот, го подобрува варењето, ја намалува подуеноста и ги смирува гасовите. Многумина го сметаат за природен лек за дијареја и нервозни црева.

Помага за главоболка и мигрена. Ментолот делува како аналгетик и релаксант, па чајот од нане е фантастичен при појава на тензична главоболка или мигрена.

Делотворен е за добар сон. Бидејќи не содржи кофеин, чајот од нане е идеален избор за релаксација пред да се упатите кон спалната соба. Со тоа што ги опушта мускулите, дополнително го подобрува квалитетот на спиењето.

Ги олеснува симптомите при настинка и грип. Чајот од нане ги отвора дишните патишта, а има и антивоспалителни својства и делува како антиоксиданс, со што придонесува за побрзо оздравување. Освен што можете да го пиете, чајот од нане можете да го користите и за инхалации. Едноставно сварете си чај и додека го чекате да се олади, наведнете се над него, покријте ја главата со крпа и вдишувајте длабоко.

Чај од нане

Сојузник е во борбата со сезонските алергии. Со розмаринската киселина која ја содржи, нането ги намалува симптомите кои се асоцираат со сезонските алергии, односно затнат нос, астма и чешање на очите.

Ја ублажува менструалната болка. Чајот од нане има моќ да ги намали контракциите на матката и интензитетот на грчевите. Честопати за време на менструалното крварење се појавува и дијареја, па нането е супер полезно и за таа потешкотија. Не заборавајте да пиете чај од нане за побезболно да ги поминете „оние“ денови од месецот.

Може да го намали ризикот од хронични болести. Чајот од нане е извор на антиоксиданси кои го зајакнуваат одбранбениот механизам на телото. Тие делуваат така што ги неутрализираат слободните радикали виновни за оштетување на клетките кое води до појава на болести и стареење.

Одличен е против мачнини. Доколку чувствувате гадење или планирате да патувате, а знаете дека возењето во автомобил ви предизвикува вртоглавица и/или нагони за повраќање, подгответе си шолја чај од нане и ќе почувствувате олеснување.

Чај од нане

Се бори против лош здив. Нането го спречува развојот на орални бактерии кои предизвикуваат лош здив. Исто така, со својот пријатен мирис и вкус, чајот од нане нуди инстантно освежување во устата.

Пријател е на мрсната кожа склона кон акни. И најголемиот човечки орган – кожата – има корист од нането. Оваа билка влијае на производството на себум и со тоа го намалува создавањето на акни.

Дајте му шанса на чајот од нане да ви ги покаже своите чудотворни моќи. Пригответе си шолја чај од нане од Podravka кој ќе ви ги разгали сите сетила и ќе ве негува и лекува.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20779 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.