Почетна » Рецепти » Намирници » Цимет – извонредно вкусен и здрав зачин

Цимет – извонредно вкусен и здрав зачин

Карактеристичната егзотична арома на циметот делува како магнет и магично привлекува обожаватели околу себе. Но, освен што циметот шармира со својата сладникава миризба и силен вкус, тој со години наназад се користи и како природен лек и заштитник на здравјето.

Достапен е во текот на целата година, но најпримамлив е во текот на студените денови. Може да се најде во форма на стапчиња и во форма на прав. Добрата страна на стапчињата е што имаат подолг рок на траење, но тие немаат толку силна арома како мелениот цимет во прав.

Цимет

Здравствени придобивки од циметот

Циметот не е познат само како вкусен зачин, туку и како извор на витамини и минерали. Тој содржи калциум, железо, манган, витамин Ц и витамин К, а исто така и диететски влакна, па оттаму доаѓаат и неговите здравствени бенефиции. Еве дел од нив:

  • Во комбинација со мед го зајакнува имунитетот. Цимет со мед е не само вкусна, туку и моќна комбинација којашто се користи и како природен лек. Во текот на студените денови консумирајте една лажичка мед и четвртина лажичка цимет растворени во чаша млака вода за да ја подобрите заштитата на телото од вируси и бактерии.
  • Ја поттикнува работата на мозокот. Истражувањата покажале дека мирисот на цимет може да ги подобри когнитивните способности, меморијата, извршувањето на одредени задачи и да ја зголеми будноста и концентрацијата. Во експериментите биле користени гуми за џвакање со вкус на цимет или ароматизирани свеќи.
  • Им помага на луѓето кои страдаат од дијабетес тип 2. Познато истражување спроведено во 2003 година со учество на луѓе кои имале дијабетес тип 2, покажало дека редовната употреба на цимет може да го намали шеќерот во крвта и лошиот (LDL) холестерол. Доброволците во истражувањето консумирале од 1 до 6 грама цимет дневно и кај нив холестеролот се намалил со 18%, а шеќерот во крвта со 24%. Докторите не препорачуваат циметот да се консумира во толку големи терапевтски дози, особено не од луѓе кои примаат лекови, но малите дози не се сметаат за штетни.
  • Помага против суво грло и сува кашлица. Потопете две стапчиња цимет во чаша ладна вода и оставете ги да отстојат неколку часа. Ваквиот пијалак содржи растворливи во вода диететски влакна кои го омекнуваат гребењето што го предизвикува сувото грло, а со тоа и ја намалуваат сувата кашлица.
  • Го става гладот под контрола. Циметот го регулира шеќерот во крвта и поради тоа ги елиминира нападите на глад. Нутриционистите препорачуваат ужина од парчиња печени јаболка зачинети со цимет, бидејќи освен циметот, и јаболката имаат многу бенефиции. Докажано е дека луѓето кои редовно консумираат јаболка, внесуваат помалку калории и имаат помалку масни наслаги на стомакот.
  • Помага во намалувањето на менструалните болки. Жените кои секој месец страдаат од менструални болки можат да ги ублажат со редовна консумација на цимет.
  • Има позитивен ефект при запек. Циметот е одличен извор на диететски влакна кои помагаат при запек, но и при појава на синдром на нервозни црева. Се верува дека редовното внесување на мали количини цимет има позитивно влијание и при создавањето на гасови во стомакот.
  • Го зголемува нивото на енергија. Се чувствувате уморни и без енергија? Напијте се овошен чај со четвртина лажичка цимет. Тоа ќе ви ја зголеми виталноста, а може и да ви ја подобри циркулацијата. Особено е полезно за луѓе кои постојано се жалат дека имаат студени нозе.
  • Се бори против лош здив. Истражувањата покажале дека гумите за џвакање со цимет се ефективни против лош здив. Исто така, циметот во комбинација со мед и млака вода може наутро да се користи како течност за плакнење на устата. Таквиот микс го одржува здивот свеж во текот на целиот ден. Многумина тврдат дека циметот е ефикасен домашен лек и против забоболка.
  • Ја омекнува грубата кожата на стапалата. Повремено негувајте ги вашите уморни стапала со ароматизирана бања. Измешајте сок од 5 лимони, 1 лажичка маслиново масло, половина шолја млеко, половина шолја вода и 2 лажички мелен цимет и потопете ги стапалата во течноста 15 минути.
Јаболко и цимет

Циметот и медот во борбата со килограмите

Комбинацијата мед-цимет се користи и за намалување на тежината. Во ѓезве измешајте една чаша вода со една лажица мед и половина кафена лажичка цимет. Држете ја смесата на оган додека не зоврие. Половина од течноста испијте триесетина минути пред појадокот, а втората половина испијте ја навечер, триесетина минути пред легнување.

Како да консумирате цимет секојдневно?

Циметот е незаменлива состојка во две популарни слатки задоволства – сутлијашот и грееното вино. Но, можете да го консумирате на многу други различни начини. Еве неколку вкусни предлози:

  • Ставете ½ лажичка цимет директно во вашето нескафе, капучино, топло чоколадо или во чаша топло млеко или овошен чај.
  • Попрскајте банана со ¼ лажичка цимет.
  • Додајте ½ или една цела лажичка цимет во утринскиот оброк од овесна каша.
  • Измешајте ¼ шолја мед со ½ лажичка цимет и со таа смеса обложете непечени бадеми (околу 2 шолји). Печете 15 минути во рерна на температура од 180°C.
  • Направете вкусна смеса од 2 лажички путер од кикирики и ½ лажичка цимет и со неа премачкајте тенки парчиња јаболко. Ова е идеална ужина која можете да ја консумирате и пред и по вежбање.

!

Претпазливост:
Не е препорачливо циметот да се консумира во големи количини. Избегнувајте да внесувате повеќе од 4 грама цимет дневно. Особено треба да се внимателни луѓето кои имаат проблеми со црниот дроб или бубрезите, нестабилно ниво на шеќер во крвта, како и бремените жени и жените што дојат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.