„Подобро е три дена да си лишен од храна одошто еден ден од чај“ – вели древна кинеска изрека којашто ја потенцира моќта на чаевите. Нивната позитивна репутација поттикнува многумина пасионирано да ја негуваат навиката за уживање во шолја чај, а здравствените придобивки кои ги носат овие топли напитоци, уште повеќе им ги зголемуваат фановите.
Еден од најфаворизираните чаеви на светско ниво е зелениот чај, кој се „роди“ во Кина и оттаму го освои светот. Со векови тој бил користен како лек, а современите истражувања само го прошируваат исклучително долгиот список на здравствени бенефити, меѓу кои ги издвојуваме:
1. Подобра концентрација
Зелениот чај е природен стимулант, односно ја поттикнува работата на мозокот, ни помага да останеме фокусирани и ја засилува будноста. Главен „виновник“ за тоа е кофеинот, па токму затоа зелениот чај се препорачува како здрава алтернатива на кафето.
2. Антиканцероген ефект
Во земји во кои консумацијата на зелен чај е голема е регистриран помал број на случаи на одредени типови рак. Постојат докази дека зелениот чај, со антиоксидансите кои ги содржи, помага во заштитата од рак на дојка, простата и дебело црево.
3. Регулирање на телесната тежина
Зелениот чај го забрзува метаболизмот и го асистира согорувањето на масни наслаги на стомакот што помага во достигнувањето на нормална тежина.
4. Намален ризик од мозочен удар
Јапонско истражување со 82.000 учесници покажало дека консумирањето на зелен чај помага во превенирањето на мозочен удар. Тоа било најизразено кај лицата кои пиеле по 4 шолји зелен чај дневно.
5. Изострена меморија
Зелениот чај ја подобрува краткотрајната меморија неопходна за разбирање, планирање и решавање на проблеми.
6. Стабилен крвен притисок
Нови истражувања открија дека зелениот чај го снижува крвниот притисок, особено кај лица кои страдаат од хипертензија и имаат зголемен ризик од кардиоваскуларни болести.
7. Намален холестерол
Редовното консумирање на зелен чај помага за намалување на лошиот LDL холестерол со што автоматски се подобрува здравјето на срцето.
8. Здраво срце
Зелениот чај може да ја намали смртноста од кардиоваскуларни болести. Јапонско истражување со 40.000 учесници покажа дека лицата кои пиеле најмалку пет шолји зелен чај дневно имале намален ризик од појава на срцеви заболувања.
9. Превенција на дијабетес тип 2
Антиоксидансите од зелениот чај можат да ја намалат инсулинската резистенција и да ја спречат појавата на дијабетес тип 2. Зелениот чај е одличен за дијабетичарите.
10. Орално здравје
Зелениот чај има моќ да ги намали бактериите во усната шуплина. Исто така, содржи флуор и штити од кариес и појава на лош здив.
11. Силен имунитет
Благодарение на антиоксидансите и полифенолите, меѓу кои EGCG (epigallocatechin gallate), лицата кои редовно пијат зелен чај имаат подобар имунолошки одговор.
12. Младешки изглед
Зелениот чај не само што е сојузник на здравјето, туку е и асистент за разубавување. Секојдневното консумирање на зелен чај помага за подобрување на еластичноста на кожата, смирување на иритации и придобивање на блескав, изедначен тен.
Независно дали го пиете за разубавување, за хидратација, да се загреете, за намалување на стресот или поради мноштвото здравствени придобивки, зелениот чај треба да биде задолжителна компонента на вашиот арсенал за нега на телото и духот.
Изберете зелен чај од Podravka кој се состои од внимателно избрани сорти на зелен чај и уживајте во благодетите од секој голтка.