Мајчината душица заслужено е на пиедестал во народната медицина. Со примамливата арома и делотворноста, оваа билка со ситни виолетови цветчиња со векови ужива добра репутација.
Лековитоста на мајчината душица е потврдена и од современите истражувања кои сè повеќе и повеќе ѝ ја прошируваат листата на здравствени бенефиции. Од ублажување на кашлица и менструални болки, до намалување на воспаленија кои предизвикуваат бројни болести, палетата на делување на мајчината душица е огромна.
За да ги искористите придобивките, наједноставно е да ги внесете нејзините полезни компоненти преку чај. А еве за што сè е корисен чајот од мајчина душица:
Природен лек е за кашлица
Барате природен лек за иритирачка кашлица? Сварете си чај од мајчина душица, бидејќи е ефикасен и при сува и при продуктивна кашлица. Мајчината душица помага и за олеснување на симптомите на астма и акутен бронхитис.
Спас е од болно грло
Доколку чувствувате болка или надразнетост во грлото, чајот од мајчина душица ќе ви го даде посакуваното олеснување. Со изладен чај правете гаргара неколку пати во денот и набрзо ќе ја почувствувате неговата моќ.
Изобилува со антиоксиданси
Мајчината душица содржи антиоксиданси и полифеноли, како лутеин, зеаксантин и нарингенин. Тие нè штитат од слободните радикали, кои придонесуваат за стареење и појава на многу болести меѓу кои и рак.
Придонесува за подобрување на имунитетот
Мајчината душица обединува редица витамини и минерали кои го зајакнуваат имунолошкиот систем. Ароматната билка е богата со витамин Ц, витамин А и витамини Б, како и манган, магнезиум, цинк, калциум и калиум.
Служи за намалување на воспалителните процеси
Тимолот, една од главните состојки во мајчината душица, се бори со COX-2, ензим виновен за воспалувања во телото. А карвакролот, кој го има во овој чај, ги намалува проинфламаторните цитокини. Воспалувањата придонесуваат за појава на редица болести, меѓу кои рак, артритис и Алцхајмерова болест, па со шолја чај можете да се борите против нив.
Помага за ПМС и менструални болки
Топол чај од мајчина душица може да го намали интензитетот на грчевите за време на менструален циклус. Исто така, со тоа што има смирувачки ефект и го подобрува расположението, овој чај е многу полезен и за ПМС (предменструален синдром).
Влегува во улогата на антимикробик
Мајчината душица ги намалува бактериите во храната и влијае позитивно на микробите во цревата и желудникот. Се верува дека чајот од мајчина душица може да го подобри здравјето на дигестивниот систем и е одличен за лицата кои страдаат од гастритис.
Делува смирувачки
Благодарение на супстанцијата карвакрол, мајчината душица е фантастична за релаксација, бидејќи има смирувачки ефект на нервниот систем. Токму затоа, се советува чајот од мајчина душица да го вклучите во вашата ноќна рутина пред да се упатите во кревет.
Влијае позитивно на расположението
Карвакролот кој го има во мајчината душица ги зголемува нивоата на серотонин и допамин, односно двата хормони кои го регулираат расположението. Чајот од мајчина душица се препорачува при депресија и анксиозност.
Ги подобрува фокусирањето и меморијата
Со компонентата апигенин, мајчината душица помага за подобра концентрација и памтење, затоа што го стимулира создавањето на мозочни клетки и ги зацврстува врските помеѓу нив.
Дозволете ѝ на мајчината душица да ве негува во претстојните студени денови и ноќи. Изберете чај од Podravka, дајте му го на телото неопходното оружје за да се бори со вирусите и голтка по голтка билдајте го вашето здравје.