Џони Деп го ангажира тимот од емисијата „Overhaulin’“ за прво да се пошегува со својата сопруга Амбер Херд, а потоа да ја изненади со комплетна трансформација на нејзиниот стар автомобил.
52-годишниот актер заедно со таткото на Амбер договорил автомобилот Ford Mustang од 1968 година да биде земен од нивниот дом и ѝ рекол на 29-годишната актерка дека нејзиното сакано возило е украдено.
Во првото видео, популарната актерка дознава за наводната кражба и разбирливо е бесна, а несериозен „полицаец“ кој постојано ја фотографира ја предизвикува да му покаже среден прст.
На крајот, Херд дознава дека целата приказна е лажна и дека нејзината кола ќе биде целосно трансформирана.
Во меѓувреме, механичари и дизајнери го претворија стариот класичен автомобил во удобно луксузно возило. Во второто видео, Херд не може да ги задржи солзите кога ќе го добие својот „реновиран“ автомобил.