Почетна » Новости » Шоу-бизнис » По 15 месеци брак, Амбер Херд побара развод од Џони Деп непосредно по смртта на мајка му

По 15 месеци брак, Амбер Херд побара развод од Џони Деп непосредно по смртта на мајка му

Џони Деп минува низ лош период од животот. Амбер Херд, со која 52-годишниот актер беше во брак 15 месеци, поднела документи за развод кратко време откако починала неговата мајка.

Според релевантни странски медиуми, 30-годишната актерка го започнала процесот на развод на 23 мај, само три дена по смртта на мајката на Деп.

81-годишната Бети Су Палмер по долго боледување издишала за последен пат на 20 мај во болница во Лос Анџелес.

Деп и Херд Деп и Херд

Деп и Херд се запознаа за време на снимањето на нивниот филм „The Rum Diary“, но започнаа да се состануваат две години подоцна во јуни 2012 година, кога актерот се раздели со долгогодишната партнерка Ванеса Паради. Во февруари минатата година познатиот пар заплива во брачните води.

Парот нема предбрачен договор, а во документите за развод Амбер побарала алиментација.

Деп и Херд Деп и Херд Деп и Херд Деп и Херд

Ова е втор брак за Деп кој во 1985 година се разведе од својата прва сопруга Лори Ен Алисон, а прв за Херд, која не крие дека е бисексуалка и претходно имаше 4–годишна врска со фотографката Тасја ван Ри.

Џони Деп со мајка си и поранешната сопруга Ванеса ПарадиЏони Деп со мајка си и поранешната партнерка Ванеса Паради

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.