Италија летово е најпопуларна дестинација меѓу холивудските ѕвезди. И Џејми Дорнан и Амелија Ворнер беа привлечени од убавините на италијанското крајбрежје и уживаа во Капри и околината.
36-годишниот актер, кој е најпознат по улогата на Кристијан Греј во филмовите „Fifty Shades“, се релаксираше со 36-годишната актерка со која е во брак од 2013 година.
Парот има две ќерки, а поради начинот на кој Амелија си го допира стомачето на новите фотографии, се родија гласини дека е на пат нивното трето дете.