Промотивната турнеја на екипата од „Fifty Shades Darker“ продолжува.
Синоќа, главните ѕвезди од „Fifty Shades of Grey“ присуствуваа на премиерното прикажување на продолжението од филмот во Лондон. На црвениот тепих, Џејми Дорнан позираше со сопругата Амелија Ворнер и со својата колешка Дакота Џонсон.
За свечениот настан во англиската метропола, 27-годишната актерка избра фустан од колекцијата пролет/лето 2017 на Alexander McQueen, 34-годишниот актер носеше костум од Louis Vuitton и чевли од Christian Louboutin, додека Амелија шармираше во модели од Rosetta Getty.