Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џесика Бил на Килиманџаро за хуманитарни цели

Џесика Бил на Килиманџаро за хуманитарни цели

Џесика БилЏесика Бил се обидува да си ги затопли рацете на Килиманџаро.

Група од музичари, актери и активисти, помеѓу кои е и Џесика Бил, веќе е на пат за освојување на планината Килиманџаро. Тие го започнаа своето патување до највисокиот врв во Африка (5895m) со цел да ја подигнат свеста на светската јавност за недостигот на свежа вода за пиење.

Пред да го започне искачувањето, славната група престојуваше во село во близина на Аруша, Танзанија, за секој од нив да ја искуси од прва рака оваа глобална криза.

За својата посета на ова сиромашно село, Џесика Бил изјавила: „Запознавањето на луѓето во Танзанија беше искуство кое ми ги отвори очите. Се надевам дека и други ќе бидат инспирирани да најдат начин за да помогнат, започнувајќи во своите домови и продолжувајќи го тоа низ целиот свет. Сите сме заедно во ова.“

Амбициозната група планира да пристигне на врвот на 12-ти јануари и со тоа да собере колку што може повеќе средства за решавање на овој проблем, кој остава една милијарда луѓе низ целиот свет без пристап до чиста вода за пиење.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19696 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.