Во изминатиов период Џенифер Лопез присуствуваше на низа настани за да го промовира својот најнов филм „The Boy Next Door“ и во секоја прилика изгледаше совршено од глава до пети.
За време на долгата промотивната турнеја, Џенифер беше „уловена“ и во лежерно издание, без шминка. 45-годишната актерка и пејачка беше фотографирана во студениот Њујорк.
Очигледно е дека промотивните активности на Лопез за „The Boy Next Door“ вродија со плод. Трилерот во кој таа глуми заедно со Рајан Гузман се искачи на второто место на бокс-офисот и досега има остварено заработка од над 16 милиони долари.