Семјуел Афлек доби огромна поддршка од своето семејство на церемонијата по повод неговото завршување на основното училиште.
Синот на Бен Афлек и Џенифер Гарнер, кои се разделија во 2015 година, ги собра на едно место сите свои блиски личности. Џенифер Лопез пред училиштето пристигна со своите близнаци Макс и Еми одделно од својот сопруг и дополнително ги засили гласините дека тие се разделени и живеат одделно.
Гарнер пристигна сама облечена во тегет фустан и интересен шешир на главата.
Покрај Семјуел, Афлек и Гарнер имаат уште две други деца, 18-годишната Вајолет и 15-годишната Серафина, која си го промени името во Фин.
Џенифер и Бен ја обновија врската од пред 20 години и стапија во брак во јули 2022 година. Тие купија заедничка куќа во мај 2023 година, која сега ја продаваат. Според гласините, Бен живее во дом под наем во близина на куќата на поранешната сопруга.