Додека се шират гласините за развод помеѓу Џенифер Лопез и Бен Афлек, секој нивни чекор е будно следен од фоторепортерите.
54-годишната пејачка беше фотографирана во кежуал стајлинг за излегување во Њујорк. Атрактивната ѕвезда ги разголи своите тонирани стомачни мускули во кратка маичка на која пишуваше „JLO Be My Mama“ (Џеј Ло биди ми Мама).
Таа носеше и „извалкани“ широки фармерки и циклама џемпер.
Странските медиуми постојано пишуваат дека Џеј Ло и Бен го продаваат заедничкиот имот и уметничките дела кои го красеа нивниот дом. Тие веќе извесен период не живеат заедно, но досега ја немаат јавно потврдено разделбата.