Џенифер Лопез и Бен Афлек одвоено ги прославија своите родендени, што уште еднаш ги потврди сомнежите за нивна разделба.
55-годишната пејачка не му го честиташе 52-риот роденден на својот сопруг и не беше покрај него на овој важен ден. Наместо тоа, таа објави фотографии на кои позира во атрактивно издание.
Музичката ѕвезда заведува во фустан со висок шлиц, покажувајќи му на Бен што пропушта.
На роденденот, Афлек доби посета од својата поранешна сопруга Џенифер Гарнер. Таа беше фотографирана пред домот кој го изнајмува по разделбата од Лопез.
Лопез и Афлек сè уште немаат дадено свој коментар околу гласините за нивниот развод.