Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Скандалозно појавување: Кание Вест со Бјанка Ценсори која се соблече гола на црвениот тепих на Греми

Скандалозно појавување: Кание Вест со Бјанка Ценсори која се соблече гола на црвениот тепих на Греми

Шокантното појавување на Кание Вест и Бјанка Ценсори на црвениот тепих на Греми предизвика бурни реакции онлајн.

Скандалозниот рапер и неговата сопруга добија жестоки критики откако таа се соблече гола и позираше пред фоторепортерите во целосно проѕирно, речиси невидливо „фустанче“. Во видео од свеченоста, Бјанка најпрво се појавува со бунда, а потоа ја соблекува пред присутните и позира целосно гола.

Кание Вест и Бјанка Ценсори Кание Вест и Бјанка Ценсори Кание Вест и Бјанка Ценсори Кание Вест и Бјанка Ценсори Кание Вест и Бјанка Ценсори Кание Вест и Бјанка Ценсори Кание Вест и Бјанка Ценсори Кание Вест и Бјанка Ценсори Кание Вест и Бјанка Ценсори Кание Вест и Бјанка Ценсори

Видео

Откако завршил со позирање, парот се упатил кон салата во Crypto.com арената, но подоцна не биле видени внатре. Според информациите во странските медиуми, Кание и Бјанка биле избркани од настанот и не беа официјално поканети да присуствуваат. Но, извор од Греми манифестацијата изјавил дека Кание едноставно поминал на црвениот тепих, влегол во својот автомобил и си заминал.

Кание Вест и Бјанка Ценсори Кание Вест и Бјанка Ценсори

Голем дел од интернет корисниците сметаат дека Кание ја малтретира Бјанка и ја принудува на голотија, а не се ретки и коментарите дека таа не се почитува себеси.

„Кутрата девојка“, „Ова е малтретирање“, „Ова е целосен приказ на семејно насилство“, „Ова е трговија со луѓе, многу вознемирувачко и деградирачко“, „Зошто ѝ е дозволено да чекори на црвениот тепих ваква? Секоја друга личност би била уапсена“, „Колку несреќно... немам чувство дека ова е нејзин избор“, „Душо, трепни двапати ако си држена како заложник“, „Ова е одвратно“, „Нема никаква почит кон себеси“, „Очигледно ѝ е неудобно“, „Некој треба да ја праша оваа жена дали е ОК“, „Ова е погрешно на многу начини. Зошто ми жал за оваа девојка?“, „Зошто да ѝ го правиш ова на својата сопруга? Ненормално“ – се само дел од коментарите онлајн.

Кание Вест и Бјанка Ценсори Кание Вест и Бјанка Ценсори Кание Вест и Бјанка Ценсори Кание Вест и Бјанка Ценсори Кание Вест и Бјанка Ценсори Кание Вест и Бјанка Ценсори

Кание беше номиниран за златен грамофон во категоријата Најдобра рап песна за „Carnival“ од неговиот албум „Vultures 1.“, чиј омот е сличен како позата која ја направи парот на црвениот тепих.

Кание Вест и Бјанка Ценсори

Раперот досега во својата кариера имал 75 номинации за Греми, а освоил 24 награди.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 22326 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.