Мајкл Дамески си оствари голем сон, танцувајќи со Лејди Гага во нејзиниот спот за новата песна „Abracadabra“.
29-годишниот Австралиец, кој има македонско потекло, ги покажува своите вештини покрај славната музичарка. Тој сподели кратко видео и фотографија со Лејди Гага.
„Кога сонот станува реалност“ – напиша на објавата на Instagram.

Погледнете го спотот:

Бабата и дедото на Мајкл се од Македонија, но се преселиле во Австралија во потрага по подобар живот. Тој е роден во Сиднеј.

Мајкл во детството имаше настапено и на македонскиот фестивал „Златно злавејче“.