Почетна » Новости » Занимливости » #скрозјас: Познатата водителка Јована Стојменовиќ ја раскажа својата инспиративна приказна

#скрозјас: Познатата водителка Јована Стојменовиќ ја раскажа својата инспиративна приказна

Во светот на социјалните мрежи, каде што совршенството често е на прво место, кампањата #скрозјас на dm, доаѓа како свеж ветер, поттикнувајќи нѐ да ги откриеме нашите вистински лица. Оваа иницијатива не е инспирација за споделување на фотографиии видеа, туку за откривање на вистинските приказни зад нив. Јована Стојменовиќ одлучи да направи храбар чекор - да ја сподели својата борба со псоријазата.

Јована Стојменовиќ

„Милиони луѓе на светот живеат со една специфична состојба на кожата која се вика псоријаза. Јас сум една од нив. Ми се појави во дваесетите години кога најинтензивно се занимавав со моделинг или во најнезгодно време. Следеше повеќегодишен период на интензивни потраги по стандардни и чудесни лекови со цел да исчезне… и што? И ништо. Дојде време да се уморам од сето тоа и да си кажам - доста беше!“ – вели Јована Стојменовиќ.

Таа за себе вели дека најважна ѝ е вистината и автентичноста и највеќе се гордее со тој аспект на нејзината личност.

Новата кампања на dm ќе ве одведе на едно инспиративно патување и ќе поттикне дискусија која ќе ве мотивира храбро да се покажете себеси во автентично светло, да ги игнорирате и надминете стигмите и да посегнете по она што прави да се чувствувате #скрозјас. Следете ги социјалните мрежи на dm за да погледнете уште повеќе инспиративни содржини!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 22498 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.