Џенифер Лопез и Бен Афлек ги зближија и нивните деца. Славниот пар ги одведе близнаците Ема и Макс и Вајолет, Серафина и Семјуел во посета на „The Magic Castle“ во Холивуд и заедно уживаа во мјузиклот „Hamilton“.
52-годишната пејачка на дел од фотографиите носи прекрасен син фустан, додека чекори рака за рака со 49-годишниот актер.
Во театарот „Pantages“, Лопез се појави во цветна креација и зелено сако.