Џенифер Лопез му ја даде својата поддршка на Бен Афлек на 81-вото издание на Златен глобус.
54-годишната актерка и пејачка го придружуваше својот сопруг на големата холивудска манифестација, на која неговиот филм „Air“ беше номиниран во категоријата за најдобар филм - мјузикл или комедија.
Атрактивната ѕвезда зачекори на свеченоста во Беверли Хилс, блескајќи во романтична розова креација со волуменозна цветна наметка. Фустанот е дело на модната куќа Nicole + Felicia, а одлично ги оцрта облините на Лопез.