Помина една година откако Џенифер Лопез и Бен Афлек се заколнаа на вечна љубов.
53-годишната пејачка и 50-годишниот актер ја прославија својата годишнина со романтична вечера во Санта Моника. Таа беше облечена во кратко бело фустанче и сребрени сандали, додека Бен носеше црна модна комбинација.
Претходно, парот беше фотографиран со три од нивните деца - близнаците на Лопез од бракот со Марк Антони и синот на Афлек, Семјуел.
Џеј Ло и Бен тајно стапија во брак во Лас Вегас на 16 јули 2022 година, а еден месец подоцна, направија свадбена прослава со пријателите и семејството.