Џенифер Анистон е категорична – жените не треба да бидат дефинирани и вреднувани според нивниот брачен или мајчински статус.

Славната актерка пред неколку месеци напиша моќен есеј во кој потенцира: „Ние сме целосни со или без партнер, со или без дете. Ние одлучуваме што е убаво за нас кога се работи за нашето тело. Таа одлука е наша и само наша. Нема потреба да бидеме во брак или мајки за да сме комплетни. Ние сами решаваме што значи „среќни до крајот на животот“.
Во најновото интервју за „Marie Claire“, 47-годишната ѕвезда накратко објасни зошто одлучила да го напише есејот. Таа посочи дека отсекогаш била мета на критики – и во периодите кога била сингл, и кога била мажена, и кога се разведувала... дури и нејзините брадавици биле повод за бранови коментари.
„Работев премногу напорно во овој живот и во оваа кариера за да ме сведат на тажна личност без дете“ – коментира таа.

За својот сопруг Џастин Теру, Анистон вели: „Зошто тој е вистинскиот за мене? Знам само дека се чувствувам комплетно видена и обожавана, независно во каква состојба сум. Не постои дел од мене кој не би го покажала пред него. Го вади на површина најдоброто од мене, бидејќи многу се грижам за него. Тој е многу добра личност. Ме боли и самата помисла нешто да го повреди него.“

Џенифер моментално го промовира филмот „Office Christmas Party“.