Гал Гадот беше гостинка во шоуто на Џими Фелон и се отвори за згрутчувањето на крвта во мозокот во 8-миот месец од четвртата бременост.
39-годишната актерка зборуваше за лошото искуство за да ги охрабри луѓето да бидат проактивни кога е во прашање нивното здравје и да го слушаат нивното тело.
Ѕвездата од мјузиклот „Снежана“ три недели страдала од ужасни главоболки сè додека мајка ѝ не ја натерала да направи магнетна резонанца, која ѝ го открила здравствениот проблем. Гадот била итно породена и оперирана.


Во емисијата таа раскажала за страшниот момент кога ја добила дијагнозата:
Имав огромен страв. Одеднаш сфатив што значи да си исплашен до смрт. Бев многу бремена. Зборувам за ова само поради тоа што мислам дека е важно, бидејќи ако некој таму во светот поминува низ истото нешто и се провери затоа што ја слушна мојата приказна, тогаш сум го исполнила мојот дел.
Имав згрутчување на крвта во мозокот и беше огромно. Имав три. Имав силни главоболки цели три недели. Посетив доктори и различни невролози... Морате да се застапувате за вашето здравје. Нашите тела секогаш комуницираат со нас, ние само треба да ги слушаме и да се прегледуваме. Подобро е да претерате со прегледите одошто да не се прегледувате.
Ми рекоа дека веројатно е мигрена, дека се хормоните... Три недели подоцна, откако ги имав тие луди главоболки, мајка ми ми рече дека морам веднаш да се прегледам. Ми рече: „Оди и направи МРИ“. Направив, го најдоа тоа ужасно нешто и бевме одведени во болница. Итно го извадија бебето, а јас имав тромбектомија. Го имав најневеројатниот тим... Тие ми го спасија животот. Сакајте се себеси и прегледувајте се.
Претходно, Гал сподели фотографија од моментот кога ја роди својата четврта ќерка и го раскажа своето искуство на Instagram.

Во февруари, во осмиот месец од мојата бременост, ми беше дијагностицирано огромно згрутчување на крвта во мозокот... Мојата ќерка Ори се роди во момент на несигурност и страв. Нејзиното име, кое значи „моја светлина“ не беше случајно избрано. Пред операцијата, му реков на Џерон дека кога ќе пристигне нашата ќерка, ќе биде светлината која ќе ме чека на крајот од тунелот.
Ова патување ме научи на многу лекции. Прво, дека е витално да ги слушаме нашите тела и да веруваме на она што ни го кажуваат. Болката, непријатноста, па дури и суптилните промени често пати носат подлабоко значење, па свесноста за вашето тело може да ви го спаси животот.
Второ, свесноста е важна. Немав поим дека на 3 од 100.000 бремени жени над 30 години им е дијагностицирано згрутчување на крвта во мозокот. Многу е важно да се идентификува рано, затоа што може да се третира. Не го споделувам ова за да исплашам некого, туку за да охрабрам. Дури ако само една личност се охрабри да преземе нешто за своето здравје поради оваа приказна, тогаш вредеше да се сподели.
Гал ја роди четвртата ќерка во март минатата година, а целата бременост ја држеше во тајност со помош на широка облека. Покрај Ори, со Џерон Варсано ги има и ќерките Алма, Маја и Даниела.





