Можеби немаше среќа со Бред Пит, Џон Мајер и Винс Вон, но тоа не значи дека Џенифер Анистон нема да ја пронајде љубовта на својот живот. 41-годишната актерка е прогласена за најпосакувана слободна жена во светот, а тоа е доволен доказ дека има многу машки обожаватели.
Во анкета на списанието „Vanity Fair“ и емисијата „60 Minutes“, ѕвездата на серијата „Friends“ доби 29% од гласовите и со тоа застана на првото место.
Втора најпосакувана жена на листата е Хали Бери, која доби 21% од гласовите. Таа неодамна се раздели со моделот Габриел Обри, но најверојатно веќе не е сингл, затоа што неколку пати беше пресретнувана од папараците во прегратка на Оливер Мартинез.
На третото место е Елин Нордегрен, бившата сопруга на Тајгер Вудс, која го остави поради неговите многубројни неверства.
Четврта на списокот е Бети Вајт. 88-годишната актерка застана рамо до рамо со нејзините помлади колешки и е едно место пред Лејди Гага, на која ѝ припадна на петтото место.