Џенифер Анистон е главната ѕвезда на „Harper’s Bazaar“. Славната актерка сними фотосесија за априлското издание на познатото модно списание.
За едиторијалот, Анистон шармира во креации од Сен Лоран, Версаче и Антони Вакарело. Врвните брендови Тифани и Картие ѝ позајмија блескави парчиња накит на 47-годишната холивудската ѕвезда за фотосесијата, снимена под палката на Камила Акранс.



„Брачниот живот е толку нормален и забавен и не толку различен. Долго време се чувствуваме како да сме во брак. Среќничка сум бидејќи Џастин е најзабавната личност која сум ја сретнала и постојано се смееме еден со друг. Смеењето е една од клучните работи за да останеш млад“ – изјавила Анистон, која е во брак со Џастин Теру седум месеци и додала дека е многу горда на својот сопруг кој моментално го снима својот нов филм.
„Се чувствувам подобро во моите 40-ти години. Се чувствувам подобро во моето тело не само физички, туку и ментално“ – додала таа.


