Сури Круз се пресели во студентски дом и започнува ново поглавје од нејзиниот живот.
18-годишната ќерка на актерите Том Круз и Кејти Холмс сега е студентка на приватниот истражувачки универзитет „Carnegie Mellon“ во Пенсилванија. Со помош на мајка си, Сури викендов се пресели во кампусот додека нејзиниот татко снима нов дел од „Mission: Impossible“.
Сури и Кејти беа фотографирани од папараците додека ги носеа куферите со лични работи на новата студентка.
Сури е единственото заедничко дете на Кејти и Том. Тие беа во брак од 2006 до 2012 година.
Никогаш не беше потврдена причината за разделбата, но наводно главен фактор беше религиозната определба на Том, односно скиентологијата.
Странските медиуми постојано пренесуваат дека по разводот Том воопшто нема контакт со Сури.