Ќерката на Сузан Сарандон се омажи. Ева Амури стапи во брак со готвачот Ијан Хок на интимна церемонија во долината Хадсон.
Среќната невеста сподели фотографии од овој специјален ден, но за жал, наиде на многу критики од онлајн троловите.
Ева доби многу коментари за отвореното деколте од интернет корисници кои сметаат дека истакнувањето на градите е несоодветно на таква церемонија. „Несоодветен фустан“, „Грозен фустан! Толку непривлечно! Сокриј ги“ и „Фустаните без прерамки не се за секого“ - се дел од коментарите оставени на нејзиниот профил на Instagram.
Амури не остана рамнодушна на нивните зборови и објави фотографии одблиску од деколтето и напиша: „До сите кои беа шокирани што моите гради не беа ‘скриени’, слободно направете си скриншот од ова за подоцна“.
Амури вели дека фустанот е вистински погодок за неа и дека е токму онков каков што си го замислувала. „Сакав да се чувствувам секси, но елегантно и сметам дека овој фустан доловува совршен баланс“ – вели таа.
Ева и Ијан се верија во февруари минатата година во Париз по двегодишна врска. Таа има три деца од претходниот брак со Кајл Мартино.