Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ќерката на Кејт Мос доби куп аплаузи зашто на црвениот тепих не ја сокри инсулинската пумпа за дијабетес

Ќерката на Кејт Мос доби куп аплаузи зашто на црвениот тепих не ја сокри инсулинската пумпа за дијабетес

Лила Мос се заложува да ја подигне свеста за дијабетес тип 1.

19-годишната ќерка на Кејт Мос зачекори на црвениот тепих на Мет галата во проѕирна креација која ѝ ги отскри инсулинската пумпа и мониторот што ѝ го контролираат шеќерот во крвта.

Младата девојка доби многу пофалби и аплаузи за овој потег.

Мос Мос

Лила неодамна изјавила: „Мислам дека малку луѓе знаат дека имам дијабетес. Тоа не е видливо однадвор, па никој не може да го знае тоа само што ќе те погледне.“

Лила се појави на свеченоста заедно со мајка си Кејт. И двете носеа креации од модната куќа Burberry.

Мос Мос Мос Мос Мос Мос Мос Мос Мос Мос Мос Мос

Лила претходно ја имаше покажано инсулинската пумпа додека дефилираше на ревија на Версаче.

Мос Мос

Дијабетесот е хронично заболување кое се карактеризира со зголемени вредности на шеќер (гликоза) во крвта. Нивото на гликоза во крвта е контролирано од инсулинот, хормон кој се создава во панкреасот.

Дијабетес тип 1 (инсулинозависен дијабетес) е форма на дијабетес при која инсулинот во панкреасот се создава во многу мали количества или воопшто не се создава.

Овој тип се јавува во која било возраст, но најчесто кај деца, тинејџери или млади луѓе. Поради тоа, потребно е постојано следење на гликозата и по потреба инјектирање инсулин кај лицето со дијабетес.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.