Почетна » Новости » Мода » ВИДЕО: Кејт Мос во нова реклама за кармините „Dior Addict“

ВИДЕО: Кејт Мос во нова реклама за кармините „Dior Addict“

Во февруари Кејт Мос беше официјално прогласена за ново рекламно лице на кармините Dior Addict.

Гласините дека Мос ќе соработува со Диор се појавија откако новинарите ја „уловија“ 37-годишната манекенка како си нанесува Диор кармин пред почетокот на ревијата на Џон Галијано за Диор. Па, воопшто не е случајност што новата реклама за кармините Dior Addict има исто сценарио.

Кејт Мос

Во видеото кое трае 90 секунди Кејт Мос се облекува во луксузен стан во Париз, а во позадина се слуша музика од Duran Duran. Нашминкана на очите во стил на мачешки очи, Кејт заводливо си става розов кармин Dior Addict.

Потоа, излегува пред група насобрани папараци кои се обидуваат да направат што подобра фотографија од неа и се упатува кон шоуто на Диор за сезоната пролет/лето. Многумина се запрашаа дали Џон Галијано е отстранет од рекламата или воопшто не ни учествувал.

Пред еден месец се појави кратко видео кое ја најави рекламата, но сега е објавена во целост.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20800 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.