Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ќерката на Кејт Мос гордо ја покажа инсулинската пумпа за дијабетес на ревијата на Том Форд

Ќерката на Кејт Мос гордо ја покажа инсулинската пумпа за дијабетес на ревијата на Том Форд

Лила Мос не ја сокри инсулинската пумпа на ревијата на Том Форд во Њујорк.

19-годишната ќерка на Кејт Мос гордо го покажа медицинскиот уред за контролирање на дијабетесот на модното шоу во „Skylight“. Преку ваквите нејзини појавувања на јавни настани, Лила се залага за подигнување на свеста за дијабетес тип 1.

Мос Мос Мос Мос

Откако се појави со инсулинската пумпа на црвениот тепих на Мет галата во мај годинава, таа од многумина беше наречена „инспирација за луѓето со дијабетес“.

Мос Мос

Лила седеше во првиот ред покрај Никола Пелц и Бруклин Бекам.

Мос Мос

Моделот, кој е копија на својата славна мајка, отворено зборува за дијабетесот. Во 2020 година, за The Kit, таа рече:

„Мислам дека не се многу луѓето кои знаат дека имам дијабетес. Тоа не е видливо однадвор, па никој не може да го знае тоа само што ќе те погледне“.

Мос

Дијабетесот е хронично заболување кое се карактеризира со зголемени вредности на шеќер (гликоза) во крвта. Нивото на гликоза во крвта е контролирано од инсулинот, хормон кој се создава во панкреасот.

Дијабетес тип 1 (инсулинозависен дијабетес) е форма на дијабетес при која инсулинот во панкреасот се создава во многу мали количества или воопшто не се создава.

Овој тип се јавува во која било возраст, но најчесто кај деца, тинејџери или млади луѓе. Поради тоа, потребно е постојано следење на гликозата и по потреба инјектирање инсулин кај лицето со дијабетес.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.