Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ќерката на Брук Шилдс на матурата ја носеше венчаницата со која мајка ѝ стапи во брак со Андре Агаси

Ќерката на Брук Шилдс на матурата ја носеше венчаницата со која мајка ѝ стапи во брак со Андре Агаси

Ќерката на Брук Шилдс годинава заврши средно училиште.

Кога Гриер Хенчи требало да избере што ќе носи на матурата, знаела дека вистинското парче се наоѓа во плакарот на нејзината славна мајка. 18-годишната девојка се вљубила во венчаницата која мајка ѝ ја носеше на свадбата со тенисерот Андре Агаси во 1997 година.

Гриер Хенчи Гриер Хенчи Гриер Хенчи Гриер Хенчи Гриер Хенчи Гриер Хенчи

„На нејзината матура ја носеше мојата прва венчаница. Изгледаше неверојатно во фустанот... Вистинска чест е кога сакаат да ги носат твоите работи. Вообичаено не мислат дека сум кул“ – рекла Брук.

„Моравме малку да го преправиме за да биде тесен и елегантен. Ги извадивме сите тулови, бидејќи не сакавме да ги има и го направивме без прерамки“ – додала таа.

Гриер Хенчи Гриер Хенчи Гриер Хенчи

За славната актерка, вистинска чест е кога децата ги носат алиштата на родителите.

„Искрено, можат да носат сè што ќе посакаат за работите да имаат друг живот. Ги чуваш сите тие работи и се прашуваш зошто... Чувството е добро кога имаат друг живот“ – рекла таа.

И другата ќерка на Брук, Роуан, пред три години носеше црвен фустан од плакарот на мајка ѝ на дипломирањето.

Гриер Хенчи Гриер Хенчи Гриер Хенчи

Брук и Андре се разведоа во 1999 година. Таа сега е во брак со Крис Хенчи и со него ги има двете ќерки.

Гриер Хенчи Гриер Хенчи Гриер Хенчи Гриер Хенчи Гриер Хенчи

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.