Ќерката на Бијонсе и Џеј Зи порасна и за неколку месеци ќе заплови во тинејџерските води.
Блу Ајви Картер беше фотографирана додека се упатуваше на вечера со пријателки во Cipriani во Беверли Хилс. 12-годишната девојка експериментираше со популарниот тренд „двоен џинс“, комбинирајќи широки фармерки со странични џебови и џинс јакна.
Последното нејзино појавување на јавен настан беше на доделувањето на Греми наградите.
Голем број корисници на социјалните мрежи коментираат дека Блу порасна многу брзо.
„Како растат толку брзо децата на славните личности?“, „Денешните деца растат за 5-10 работни дена“, „Личи како да има 18. Каде ѝ е детството?“, „Каква штета што 12-годишно девојче изгледа како веќе да има 25 години“, „Мислев дека е мајка ѝ. Изгледа многу возрасна за нејзините години“ – се дел од коментарите.
Блу е првото дете на славните музичари и често настапува со Бијонсе на сцената за време на нејзините концерти. Таа е родена на 7 јануари 2012 година.
@..blueivycarter ️#blueivycarterrr #blueivyleauge #blueivycarterenaissancetour #rumicarterr #blowthisup #beyonce #fypppppppppppppp ♬ original sound -
@beyoncevi Replying to @Schequlia Sheila Cop its the denim fo me #beyonce #blueivy #renaissanceworldtour #fyp ♬ original sound - beyoncevi