Вчера, Кристијано Роналдо зачекори во петтата деценија од својот живот, но и понатаму продолжува да нижи успеси на фудбалските терени.
Славниот фудбалер го прослави 40-тиот роденден со вечера со семејството и пријателите, а на теренот славеше и со соиграчите од Ал-Наср.
На прославата во Ријад, Кристијано уживаше во друштво на саканата Џорџина Родригез, најголемиот син Кристијано Џуниор, мајка си, братот, двете сестри и други пријатели и роднини. Тие споделија фотографии од роденденот.












На теренот пак, Кристијано дуваше роденденска торта со неговиот лик.
„Среќата добро му прилега“ – напишаа од неговиот клуб од Саудиска Арабија во описот на албумот со фотографии.










Кристијано е еден од најуспешните фудбалери на сите времиња. Тој е и татко на пет деца.
