Анџелина Џоли беше специјална гостинка на овогодишниот филмски фестивал во Санта Барбара.
49-годишната актерка ја освои престижната награда „Maltin Modern Master“, која е највисокото признание на манифестацијата. Оваа награда се доделува на актери кои ја „збогатиле културата преку достигнувања во филмската индустрија“, а е именувана во чест на филмскиот критичар Леонард Малтин.
Ова признание ѝ беше доделено на Џоли за нејзиното феноменално портретирање на легендарната оперска пејачка Марија Калас во новиот филм „Maria“.

На црвениот тепих, Анџелина зачекори го свилен фустан со разголен грб, кој ги отскри нејзините големи тетоважи.













