Вајолет Афлек направи моден избор кој го привлече вниманието на медиумите.
18-годишната ќерка на Бен Афлек го облече истиот фустан кој Џенифер Лопез го носеше за состанокот за Денот на вљубените со славниот актер.
Креацијата доаѓа од модната куќа Долче и Габана.
Иако станува сè појасно дека холивудскиот пар се разведува, Лопез негува добри односи со децата на Афлек. Деновиве, таа беше фотографирана со неговиот син Семјуел.