Почетна » Забава » Слободно време » Посакајте им најубави желби на саканите: Пораки за Среќна Нова година

Посакајте им најубави желби на саканите: Пораки за Среќна Нова година

Новата 2025 година е на прагот.

Новогодишните пораки се прекрасен начин да ги изразите вашите најубави желби и да им посакате на блиските година исполнета со радост и топлина во срцата.

Доколку сте во потрага по најубавите пораки за да им честитате на саканите личности, тогаш сте на вистинското место.

2025 година

„Секој нов ден е како празно платно, а ти си уметникот. Овој пат, нека сликата што ја создаваш биде исполнета со љубов, радост и бескрајни можности. Оваа Нова година е твоето ремек-дело. Разбуди ја креативноста и насликај ја најубавата година од својот живот досега!“

„Нека оваа Нова година ти биде како сјаен оган – полна со искри од нови идеи, страст за живот и непознати авантури. Нека те води до места кои досега ги немаш посетено и нека ти донесе среќа која не можеш да ја изразиш со зборови. Среќна Нова година!“

„Кога стрелките на часовникот ќе се склопат, посакувам лошите чувства да ти се стопат.
Во твоето срце да се шири светлина, а во твојот дом топлина.
Да си здрава и жива и со мене да испиеш уште многу пива.
Нашето пријателство нема граници, па заедно да посетиме уште многу низ светот станици.
Среќна Нова година!“

„Започни ја оваа Нова Година како посилна личност, со поголема верба во себе и посветеност кон своите соништа. Следните 365 дена нека ти бидат исполнети со моменти кои ќе те потсетуваат колку си силна. Среќна Нова година!“

„Нека оваа Нова година ти донесе храброст да ја следиш својата страст, мудрост да научиш од искуствата и љубов која ќе те инспирира да бидеш најдобрата верзија на себе. Ти посакувам радосна година исполнета со незаборавни моменти!“

„Нека оваа година ти донесе љубов која ќе те исполни до самата срж, среќа која ќе те носи низ животот и светлина која ќе ја осветлува секоја твоја патека. Нека љубовта биде твојата водечка сила. Среќна Нова година!“

„Новата година е како празна книга, а пенкалото е во твои раце. Започни да ја испишуваш најубавата приказна за себе. Се надевам дека ќе одделиш неколку страници и за мене. Среќна Нова година!“

„Нека оваа Нова Година ти донесе светло кога сè ти изгледа дека е темно, храброст кога мислиш дека не можеш да одиш напред и љубов која те потсетува дека сè е возможно. Нека оваа година биде година на твојата еволуција. Среќна Нова година!“

„Времето не чека никого, па зошто и ти да чекаш? Нека оваа Нова Година биде твојот скок кон нови можности, раст и неверојатни авантури. Чекори кон неа со отворено срце, спремен/на да создадеш магија. Среќна Нова година!“

2025 година

„Во оваа Нова Година, нека љубовта биде твоето огниште, а среќата твојата светлина. Нека секој ден биде нова прилика да ја споделиш љубовта и радоста со оние кои те прават среќен/на. Среќна Нова година!“

„Нека оваа Нова Година ти донесе љубов која ќе те збогати и среќа која ќе ти го осветли патот. Нека секој ден е нова прилика да го славиш животот и љубовта во сите нејзини форми. Среќна Нова година!“

„Животот е краток, а Новата година е ново поглавје полно со можности. Направи ја оваа година најважен дел од твојата приказна. Љубов, храброст и радост ќе бидат твоите најдобри пријатели. Среќна Нова година!“

„Нова година е време за нови почетоци, но најубавиот почеток е љубовта. Нека твоето срце биде исполнето со љубов која те воздигнува и среќа која ти го осветлува патот. Среќна Нова година, полна со магија!“

„Нека новата година биде почеток на многу нови соништа, кои заедно ќе ги претвориме во реалност. Се надевам дека ќе имаме уште многу заеднички моменти, исполнети со љубов и среќа!“

„До мојата најдобра другарка: Во новата година да посетиме уште една посакувана станица во нашата пријателска страница. Да се смееме, да патуваме и да продолжиме да си се поддржуваме. Среќна и успешна Нова година!“

„Животот е твоето платно, а секој ден нова боја. Нека оваа Нова година ти биде најшарена досега, исполнета со најубавите нијанси на радост и љубов.“

„Ти си архитектот на својот живот. Нека оваа Нова Година ти донесе нови темели за среќа, успех и неограничени можности.“

„Доколку сакаш нешто што никогаш си го немал, мораш да направиш нешто што никогаш не си го правел. Оваа Нова година е твоја прилика да го направиш она што те плашело, а кога ќе го направиш, ќе откриеш дека си многу повеќе отколку што си мислел/а. Среќна Нова година!“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21176 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.